ве (зам.) - наведе (гл.)

Таквите полека почнувате и да ги одбегнувате, не сакате да соработувате со нив, зашто знаете, како што тоа се вели, дека можат да ве остават „на цедило“ или да ве наведат „на тенок лед“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Му се обраќам некому, некому друг, мртов или жив, на некои коишто немаат идентитет на оваа културална сцена. 4Едновремено со силната потреба што ве наведува кон создавање, забележлив е уште еден факт: сите ваши текстови се повикуваат на угледни имиња какви што се Хусерл, Платон, Хајдегер, Хегел, Русо, Жабес, Целан.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Што ве наведе да го снимите овој филм?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сакам однапред да ве наведам на погрешни ставови кон кутриот Марк, кој никогаш не научи да проценува кој му е вистински пријател.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Јас во овие свои разговори со вас, добри мои, ако забележавте, често се помагам со народните поговорки, често од нив поаѓам кога сакам да ви соопштам нешто, кога сакам да ве наведам на некое размислување.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тоа барем имаше некаква смисла и ми даваше одреден идентитет и личност. (Што ве наведе да го промените мислењето?) Кога се уверив дека ќе ми дозволите да се чувствувам како ваше дете и дека ќе се грижите за мене со љубов.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да го споменеме, на при­мер, меѓу илјадниците други, примерот што никогаш не сум го наведувал - објасну­вањето на Мајстор Екхарт кој известува за тоа што Мајмонид рекол во врска со обрезу­вањето, колку научно толку и наивно: “при сечењето на препуциумот повеќе се имало наум уживањето и задоволувањето на телото отколку создавањето на ново суштество.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)