ве (зам.) - сака (гл.)

И јас пак ве сакам Ближни Далечни Мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Немаше зошто да се плашат од него, бидејќи немаше што да им земе, та еден се насмеа и му рече: — Ами, кога ме неќиш ти со тебе, шо ќе правиме, ќе му валкаме трупје на чорбаџи — Тошета, да го јадиме лебот и да а сркаме водата од граот. Море јас ве сакам внучковци, токо не ви се врзани гаќите вам — се нашегува Толе и продолжи: — Елате де да ве вида шо мажи сте?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, камо пушки, де? — праша пак оној трупар и голта топли залаци од погачата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пошироко гледано, луѓето на екстази имаат обичај многу да дрдорат и можат со саати да ви зборуваат колку бескрајно ве сакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние, девојчињата, си ги сакавме и кога понекогаш, ама повеќе од навика им велевме добар ден, наместо калимера, тие не ни се лутеа и не нѐ караа, ами ни велеа: - Дома, со мајките, бабите и дедовците, секогаш да си зборувате само грчки, зашто само така ќе можете да бидете добри девојчиња и тогаш и Господ и Богородица многу ќе ве сакаат и секогаш ќе ве заштитуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сетете се на искрите, моментите, сликите, спомените што ве обземаа со радост, сетете се на некои топли очи полни надеж, на некои меки усни полни разбирање, сетете се на едни прегратки кои ве чуваа цврсто до себе, на едно срце кое ве сака до небо и чека да се вратите за да ви ја покаже љубовта, таа бескрајна вселена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зошто да го комплицираме животот, ако ти недостасува некој јави му се, кажи му дека денот со него ти е поубав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Подеднакво ве сака: тебе, поради тоа што си она што јас не сум, а што толку сакав да бидам, него, поради она што сум и јас, и што со него ќе продолжи“. ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој ја свртил главата и рекол, госпоѓо, јас Ве сакам повеќе од својот живот, но помалку од својата чест, станал и се пријавил во војска.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Во Лондон беше супер, ќе ви раскажувам, ама дома...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А бе бато, бато, - со нежност си помислив – те мрзело да смислиш нешто ново, па од мене си препишал!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Колку ве сакам! – викна неочекувано брат ми. – Колку се радувам што се вратив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу ве сакам. Bye! You miss me!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Останете ми со здравје, поздрав на сите и чувајте се, ве сака Ташку ***
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
— Како, го прашувам. — Спасете ме, вели, зашто многу сум ве сакал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Така, така, убавици мои!” им велеше попот Матлија, „Весели ве сакам во смрт да ми одите...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но баш такви ми требате! (Аплауз) Благодарам! Благодарам! Ве сакам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исплази го јазикот да ти го видам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Ѓаволчиња малецки, колку ве сакам! (Ги пружа рацете кон бандитите; Жилата на челото ѝ набабрува) ГЛЕДАЈТЕ МЕ!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сите ве сакам! (Со дланката им праќа бакнеж) Краста се симнува од бината следен со музика од звучниците.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едно попладне го читав текстот од мајка ми што го испратила од Канскиот фестивал и се растажував, споменувајќи си дека таа ми рече на заменување: „Секогаш кога ќе читаш мои кански извештаи, знај дека некаде меѓу редовите е испишано, иако тоа нема да биде објавено во весникот, дека мислам на тебе и на Бреза и дека најмногу од сите деца на светот ве сакам“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Природата зеленокоса, бујна, неразбирлив говор на потокот изгрејсонцето и залезот... Ве сакам браќа Македонци и сѐ што е Македонско.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но сепак уплашено рече: - Ако се смеам, ама не ве сакам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Ми текна!“ загрме вујко Ејнар и високо потскокна со заглушувачко трескање на крилјата. „Деца! Деца, така ве сакам!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)