ве (зам.) - следи (гл.)

Затоа пејте само, звона на небо ќе звонат, пејте и кога глас во Вас нема, оваа прекрасна мисла, нека ве следи верно,за Ангелот кој со глас среќа создаваше, чувајте го во Вас, макар во Сонот. (на Тоше)
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Овде ги има од сите страни на светот, од сите раси и нации - од негри до Кинези; се слушаат најразлични светски јазици, иако насекаде ве следи францускиот, англискиот и германскиот јазик.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа Сухов незабележливо ве следи, што би се рекло по стапките, и го демне моментот кога е можно да бидете изненадени.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зелениот здравец и горските цвеќа што дење и ноќе ве следеа верно, по смртта ви дарат пак чудесна среќа над вашите гробја наведени смерно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Ќе бидат убедени дека сте во право и ќе ве следат и слават.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Со устата направи гримаса што личеше на насмевка. „Ве следат“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
По свршената акција, Методи нека дојде веднаш овде, а ти не доаѓај сѐ додека не си сигурен дека не ве следи никој.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)