ве (зам.) - учи (гл.)

Мислејќи дека човек треба да се насочи кон верата своја, а не кон позицијата во својот световен живот, и со слепа верба во семоќната правда Божја, јас ве учев да ги веднете главите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Доста тоа од него го слушаш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Со години ве учам на ред и чистота — ништо! Како да учам ќутуци!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Аферим, ашколсун! Цел век ве учам на ред и чистота, туку буки и тикви учам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Проштавај, чорбаџи, не сум видела, една мала дамка.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Системот „ве учиме да ловите риба” можеби е соодветен за некое понормално општество, а не за ова, тотално - ајде да речеме, барем во сферата на тнр. „култура” - поместено од зглобовите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
СУЛТАНА: Татко ви инаку ве учеше. ЕВТО: Знам што нѐ учеше. Кажи што нѐ научи?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тројца ќе ве учат различни работи и нема да ве научат ништо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас сум трговец со маслинки, но ме возбудува животот наоколу. (Пауза) Дали сум јас трговец со маслинки? (Пауза) Ме замоливте да ве учам како да се однесувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Почнете со тоа што ќе признаете дека освен мене сте ги замолиле и турскиот Кајмакан и бугарскиот поп Велков да ве критикуваат и да ве учат како да се однесувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И наставникот што ве учи почнал со А, и лекарот што ве лекува почнал со А.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И какво фајде од манастирската осаменост Кога отсекогаш ве учеле да се препознате себе си Во присуството на другите?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)