ве (зам.) - храни (гл.)

Кога ќе легнете крај мене вие ќе имате стрпливост да чуете сѐ што сте ѝ повериле на мојата невиност, А до тогај нека ве хранат дневниците од нашето продадено пријателство.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Таа е сјајот во вашите очи, топлината во вашата душа, таа е светиот шепот и благослов, таа е божја убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога љубовта ќе ве најде, пуштете го сидрото, спокојно легнете на нејзините гради, таа ќе ве чува, ќе ве храни, таа ќе биде вашиот мирен дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)