ви (зам.) - застане (гл.)

Гледате ли? А пак што сѐ прави со Зоки, тоа не може да се раскаже, умот ќе ви застане!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од збор на збор се скачкаа уште тука Борис и Пере.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Слепило, слепило во очите да ви застане, другари, слепило!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Народна балерина Босилка Кочоска, здивот да ви застане.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)