ви (зам.) - падне (гл.)

Токму во време на безредието, додека се кинеа постерите, еден човек чие лице не го виде, го допре по рамото и рече: „ Извинете, мислам дека ви падна актовката“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа година на електрични фустани - винил со пакување батерии - а тука беа и фустаните со нерамни краеви, и сре­брени фустани со минијатурни димензии, и микро-мини-сукњи во комбинација со доколеници, и Пако Рабан фустани од пластични квадрати поврзани со метални прстени, и куп нехруански околуврат­ници, и сè што би можело да ви падне на памет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Поп модата штотуку го достигна својот врв - беше доволно да се фрли поглед по Гимназиум за тоа да биде јасно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, дури и да работел во ноќната смена, неговата основна работа беше... па така директно наеднаш не можеш ни да се сетиш како да ја наречеш таа професија; со еден збор, беше тоа толку жесток процес што тешко се формулира, и кој е полесно да се раскаже.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако во мислите се вратите во педесетите години и ако замислите дека стапнувате врз територијата на Донскиот манастир низ портата на кулата што е свртена кон прехранбената продавница, она што прво ќе ви падне во очи е една маркантна личност која нервозно се шетка од железниот турски топ до стражарата на манастирскиот чувар и обратно. Тоа и е фамозниот Сухов. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 67
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
После никогаш повеќе немаше да ви падне на памет ваква глупост.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Јас пак ќе ви ја дадам ако ви падне во дворот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
По читањето на збирката Вител во Витлеем посакувате како јунакот Холден Колфилд од Ловецот во ’ржта, авторот на книгата да биде ваш близок пријател и да можете да го викнете преку телефон (или интернет) кога ќе ви падне на памет.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Не знам дали ви паднал во очи парадоксот на нашето воспитување.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Еве, јас ви се колнам во својата вера, во својата чест и закон дека влакно од главите нема да ви падне.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ах, деца, деца, - што ли не ќе ви падне на ум.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некои стари жени ни велеа: Каснете само по малку зашто вашите црева се слепени, ќе ви падне тешко.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако вам ви паднит тешко од те мои думи, не са, братја, те од злоба, а од братско срце.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Сега, само да ја подотворам средната фијока од моето биро, веднаш ќе ви падне в очи иста таква шупелка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Јас пак ќе ви ја дадам ако ви падне во дворот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Чувајте се, да не ви падне сенката во темелот, ни рече, оти ако си ја заѕидат сенката, ќе ти се одземе здравјето, вели, или некоја завист ќе ја ненавиди куќата и жената и цел живот невиден ќе се шеташ, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)