вие (зам.) - си (зам.)

Сигурно! Вие си играте со него, а тој си страда. Ама сте никаквеци! Затоа тој убаво ќе ви покаже!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па вие си јадете од вашата душа, вашите деца го пијат вашиот отров, ќе се удавите во сопствената кал, ќе потонете во живиот песок.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сигурно и вие си имате работа како мене, ама што да правиме. Ајде, повелете дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Само, не разбирам зошто си морала да го лажеш она за појадокот, за ручекот и за моето честење низ куќа додека вие си играте, а татко ти чита весник.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вие си играте култура. Мислите тука има најмалку обврски, удри, мавај, село без кучиња.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој потстана, го зеде клопчето, повторно седна и, продолжувајќи да плете, продолжи и да зборува: „А вам и на вашата пријателка,“ рече, покажувајќи кон мене, „вам ви е лесно, вие си глумите полулудило, полунормалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вам ова што го нарекувате затвор, ова овде ви е ослободување од затворот што сте го чувствувале надвор одовде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)