вие (зам.) - што (зам.)

„А вие што сте? Пророк?“ „Нешто слично“, чу. „Бивш богослов.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Нѐ забраа вака, ко вие што ги терате овцине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓе, вие што доаѓате да ги починете очите во мојот костур ме снашла старост и сув јас веќе го веднам својот грб кон посницава.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)