вие (зам.) - сигурно (прил.)

Ах, вие сигурно не знаете! Треба да се побегне од тоа место, далеку, далеку; да останеш на пат, да паднеш на патот, сонцето да те изгори, но да не се вратиш.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
— Вие не сте му тетка, вели главната сестра, вие сигурно сте му мајка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаете и самите дека никој умен не се откажува толку лесно од својата љубов. А вие сигурно ја сакате Јана”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Можеби имате право, а можеби и грешите” рече многу разбрано Стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ваква песна вие сигурно не сте чуле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)