ги (зам.) - буни (гл.)

Дадено на устабашијата Сефедин 7 сефер 973 год. во Прилеп.   Како што се гледа од писмово, кадијата не смееше да му ја изнесе на султанот вистината, дека не може да ги покори бунтовниците, ами го излага дека избегале водачите и од планина ги бунат христијаните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Наиде оној потсмешлив војник со несфатливо име. Пеју го викаа. Братучедите ги бунеше она у на крајот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)