ги (зам.) - викне (гл.)

И кога тие се свртиле да си одат и кога стигнале до вратата, повторно ги викнал да се вратат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ми се пристори, гледајќи ме така тивка и потиштена, ме сожали па ме натера да ги викнам мајка ми и татко ми на гости.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Го замолив да ги викне мајка му и татко му, можеби сето беше само глума.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Војникот, неочекувано, ги викна од првиот балкон.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Кога прославивте?“ „Уште кога беа работниците“, продолжи тој, „ги викнавме пред продавницине и распославме пиво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
О, да, пак ги викнав физичките работници и тие до следната недела ќе ги постават гредите за скеле. Ќе имаме струја.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој судијата, некој умен човек, ги викнал двајцата, ги прашува, ама тоа пак тоа: едниот вели му дал пари на другиот, а другиот вели дека никакви пари не видел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
СПИРО: Не ние, туку да ги викниме комшиите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Леле, не ти е срам да се засрамиш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од некаде се појави братот Коле и ги викна сестрите кај татка си.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Отвараш врата и... ги гледаш пријателите кои дошле да ти помогнат. И тоа без никој да ги викне.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И мора да направиш пакост. Пепелницата удира, Фирсов ги подзамижува очите, го менува лицето. Ги викна стражарите, и тие ме истераа в ходник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првин ја зедов тетка Славјанка, мајка на Оливера Поточка, а потоа ги викнав и Катина Егова и Паскалина Ајта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги викнавме телевизиите да видат каков скандал е ова со кучињава скитници.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
САВЕТКА: Зашто, мор’, прашаш, јас не оти некогаш сум ти забранувала да ги викнеш. Викни ги уште сега ако сакаш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мамо, ако, мор’, да ги викнам другаркине да дојдат на поседа со работа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ги викнал синовите па им рекол: - Сложно да си живеете со челатта, како и до сега. Да се сакате и почитувате.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На кадијата му удри мисла да се послужи пак со Аџи Јанета и Аџи Рампа и испрати човек да му го доведе, а тие се израдуваа мислејќи дека се покорени Мариовците и кадијата ги викна да ги направи мариовски бегови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Сега ќе ги викнам, - додадов брзо за да не се премисли.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На света Недела, наредната, дојдоа Танаско со Пена и синот на Борис Биџов, дури од под Калето, од Фестивална, ги викнаа и синовите на Коста Ципата, Атанас на Вета и двата големи сандака, наполнети со облеката на двете Пелагии, ги кренаа на раце и ги однесоа онде зад фабриката, прво во дворот на тетка Перса, а потоа и во одајчето што беше одредено за нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А да ги викнеме и соседите? Има многу риби.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога зазори, кралската војска ги собра сите кои останаа живи - заробеници и ранети и ги викнаа сите жители на Лерин за да ги видат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе ги викнам да се запознаете. И тие се во нашето одделение.“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога се наиграа добро, командантот ги викна Трајчета и Евта настрана во буките и рече: - Трајче, има да свршиш една многу важна работа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги викна еден ден и им кажа како тој знае дека тие сепак Мартина го задеваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Додека тие ги кренале лактите да се избришат, од мртовецот не останала ни трага, така што тие дури и не знаеле дали тој навистина бил во нивните раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да не донесуваме сами никаква одлука, браќа мои: да му оставиме на Случајот да избере, зашто тој е раката Господова.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најпосле, еден ден, најстариот брат ги викнал кај себе помладите и им рекол: „Браќа мои, браќа по крв, по млеко и по славата божја, ако не ја изградиме кулава, Турците пак ќе ни се приближат до езерскиот брег, криејќи се низ трските.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)