ги (зам.) - владее (гл.)

Климент Камилски, за разлика од Татко, одлично се служеше со мајчиниот македонски јазик, како и другите словенски, се разбира рускиот јазик во прв ред, ги владееше францускиот и шпанскиот, но се служеше и со турскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Коњите стрмоглаво јурат, а колесничарот ја држи уздата и со сигурност ги владее коњите усмерувајчи ги право на мојата куќа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓу другите ги владее германскиот, албанскиот, англискиот, арапскиот, шпанскиот, рускиот, јапонскиот и други јазици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)