ги (зам.) - движи (гл.)

Собрани, во 5 акумулации, тие ќе ги движат турбините на 7 хидроцентрали и ќе го наводнуваат плодното и рамно Пловдивско поле.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Телото сосема му клонеше. Но копнежот по незаборавниот лик на убавата мома, со некаква скриена сила му ги движеше уште нозете. ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога се увери дека повеќе не ќе може да зборува, започна да ги движи усните на друг начин, кон песна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
13. Пиратската продавница беше празна и спокојна пред погледот на отворената улица, додека законот ги движеше автомобилите и луѓето во мешаница.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Чекај - раката, ножот... Ги движи ли нив ракијата?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мила навистина умееше убаво да ги движи прстите по црно-белите клавиши на клавирот, и од него да излегуваат пријатни звуци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали затоа што немав никого друг слушнато како свири на клавир, освен ретко тетка Надежда од деветти кат, и тоа ако е ептен расположена, или затоа што Мила навистина знаеше добро да свири, мене ми се чинеше дека свири најдобро од сите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можев да ги движам само прстите и беспомошно да трепкам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сѐ уште сакав да верувам дека сето тоа е игра и забава на извртените трговци со ништо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ОК, слушајте! Погледнете го човекот од феудализмот: немал поим дека живее на планета полна со природни ресурси, како што се фосилните горива, коишто ги движат машините, коишто создаваат уште покомплексни машини, коишто произведуваат хемиска- електрична енергија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако си ја облечеш ракавицата и си ја погледнеш раката, ќе видиш компјутерски генерирана рака, чиишто прсти се движат ако ти ги движиш твоите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пилотот ја отвара патната чанта и оттаму вади минијатурни растенија со уште помали плодови, бамбусови фрули, проѕирни лепези, шарени книжни птици што ги движат крилата и слични таинствени подароци од летот на Исток.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Продолжи да ги движи долгите нозе како газела.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Трендафил Кривошеев е роден 1932 или 1933, а можеби и 1934 година во село Сакулево, леринско.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имаше голема многуобразност на светогледи и начини на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но на повеќето од новите жители во геј-гетата заедничко им беше искуството на учество во еден нов, радосен и невиден општествен експеримент: создавањето заедница околу хомосексуалната желба, геј-сексот и геј-идентитетот.443 Тој општествен експеримент излезе кратковечен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
До 1960-тите години веќе бил во тек, иако неговото спроведување го одложи деценијата на политички конфликт во 1970-тите години. ‌Епидемијата на сида ја помогна конечната победа на урбанистичкиот развој кога ги отстрани или им го намали бројот на политичките играчи – биле тие поединци или заедници – кои беа против плановите на инвеститорите зонски да изменат, да реконфигурираат, да урнат и да преизградат цели маала.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Огромниот прилив на капитал ги движеше големите проекти за урбанистичко преуредување, постепено отстранувајќи ги евтините, периферни урбани зони на меѓите од некогашните индустриски или мешовити делови каде што дотогаш цутеа геј-претпријатијата, геј-живеалиштата и секс-клубовите и заменувајќи ги со автопатишта, со висококатници, спортски комплекси, конференциски центри и магацински супермаркети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто во истиот тој период, рекапитализацијата на американските градови, заедно со нејзината нужна поткрепа преку урбанистичко планирање и реновирање, веќе почнуваше да го менува урбаниот крајолик на САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или да си ги разголува градите, рацете.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да ги движи нозете надвор од оние крпички што одвај ја прекриваа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јаничаризмот требаше да го надомести идеалот кој требаше да ги движи другите војски V Додека неколку години подоцна на Елисејските полиња во Париз секој 14 јули од 1994 до 1999 година, како прв амбасадор на Република Македонија во Франција на Плоштадот на Слогата, на свечената трибина одредена за дипломатскиот кор, ги гледав, славните војски, па легијата на странците, во таа лажна свеченост, наредени од сите земји му аплаудиравме на оружјето, се фаќав во незамислива позиција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во делото кое се вика Далечина, тој од изведувачите бара да се искачат над публиката на една мрежа, од која ќе ги движат инструментите кои се поставени на подот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Навлезен така, длабоко во нив, ги движи – објаснуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)