ги (зам.) - доближи (гл.)

Ех, кога би бил жив Тато, и онака како што знаеше, по свое, да ги доближи веѓите, да се смршти додека се обидував да испејам некоја песна од типот „Војник одам, оф, леле, песни пеам, оф, аман, аман!“ и слични на неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Винстон ги доближи усните до нејзиното уво. „Сега“, шепна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ги доближи Панде, со чунот, нивните колја, неискажлива болка му го стегна срцето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Хаџи Бекташ пропишаните ритуали ќе ги доближува до Бога, тие побожни јунаци на Севишниот за да му служат на земјата на Султанот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исто така, додека ја палеше цигарата, ги доближи дланките и со нив го заштити пламенот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Францускиот конзул Стег и директорот на бродската агенција Месагери Меритим ги доближија главите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури кога белата точка на излезот сосема избледнува, Павле си ги доближува устите до отворот на воздушната цевка и провлечено вика: - Колку е часот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долго ми требаше да ти ги доближам трите сочни стебла на дивите маслинки, нивниот ноќен мирис.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пишпирик и Барбут- бег ги доближија главите и веќе пееја со издолжени шии: Трговци сме чесни, продаваме чуда, по достапна цена ви нудиме рудар.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кутрите, во споредба со гардистите ма кои ме продаваа, изгледаа како кукли во партали.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Таквата активност била будно следена и од средствата за јавно информирање, кои на своите страници ѝ посветувале големо внимание на оваа активност на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По одржаниот Конгрес, во наредните месеци, словенските ор-ганизации и друштва развиле жива активност низ цела Америка, со цел да ги доближат сите Американци од словенско потекло кон Американскиот словенски комитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како јасните сончеви денови кога ни ги доближуваат далечините.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакаа да се прегрнат и прегрнати да се наплачат, но рацете им беа врзани одзади, та само главите ги доближија една до друга и продолжија да плачат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но и покрај затвореноста Балканот беше географски поставен да ги доближува Европа, Азија и Африка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Имам само еден проблем, - му се довери Геро, кога ги доближија пијачките и погледите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)