ги (зам.) - живее (гл.)

Во мене како да се бунтуваат сите времиња. Времињата што ги живеевме и оние од книгите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Скотје во тоа време ги живееше дваесеттите години од Чикаго. Алкохолот во смрадот навечер можеше да се набави само во локалните кооперации и само ако го знаеш пиљарот да ти дае под рука.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Приказните кои луѓето ги живеат се ретко, ако воопшто, “радикално” конструирани - суштината не е во тоа тие да произлезат, така да кажам, “од тагата”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога нивните желби, квалитети, намери и верувања ќе бидат доволно елаборирани низ текстот, тие ќе се обединат во “определувања” кои го детерминираат посебните правци во животот - “животните стилови”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие екстернализирачки разговори го “егзотизираат одомаќеното”, на тој начин што со нив индивидуите ги идентификуваат личните приказни и културните сфаќања коишто ги живеат; тие приказни и знаења ги водат нивните животи и го одредуваат нивниот идентитет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од овие екстернализирачки разговори произлегува нешто што би можело да се нарече контра-јазик или, како што Дејвид Епстон (David Epston) неодамна предложи, “анти-јазик”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наместо тоа, наративната метафора вели дека индивидуите ги живеат своите животи преку приказни - приказните го обликуваат нивниот живот, тие имаат реални, не имагинарни, ефекти - и на тој начин му даваат структура на животот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исто како и текстовите во однос на вистинскиот живот, приказните коишто ги живеат индивидуите се полни со празнини и недоследности кои постојано се натрупуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Детерминираност Кое е потеклото на овие нарации или приказни кои се конститутивен дел на животот на индивидуата?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа перспектива не би требало да се меша со онаа која вели дека нарациите функционирааат како одраз на животот, или како негово огледало.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, и покрај фактот дека овие приказни внесуваат одредена детерминираност во животот, тие ретко успешно излегуваат на крај со сите непредвидени околности кои искрснуваат во “животот како таков”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако претпоставиме дека постои идентичност помеѓу структурата на текстот и структурата на нарациите или приказните коишто индивидуите ги живеат, и ако прифатиме дека е во наш интерес да ги градиме нашите животи преку нарации, тогаш би можеле да ги разгледаме деталите за тоа како индивидуите ги живеат своите животи преку нивото на акција и нивото на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Непробојните огради помеѓу животи се нужност зашто, боже пази, да ми се случи да ги живеам сите животи со паметење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се помоли да доживее други времиња и се помоли да поминат овие чудни денови што сега ги живее, за во тие што доаѓаат да почне да го живее секој ден како што доаѓа, а оние денови што минале да ги доживее уште еднаш пишувајќи за нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Макар што и натаму не се откриваше во нашата преписка, остануваше за мене енигмата која е, како изгледа, која и е професијата, таа и натаму понираше во длабината на моите балкански мигови, во неизвесностите што ги живеев во балканската реалност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓу другото, во емисијата се претставуваа и млади жени во празнични носии, чудесни уметнички творби.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Додека трае мајкината грижа за своето чедо без оглед на годините, размислував завршувајќи со читањето на писмото, тоа свесно или несвесно ги живее најубавите, најбезгрижните години во животот, животот добива поголема смисла...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа чудесна, тивка солидарност, како дел од нејзината молитва ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само оние што ќе се разбудат по премрежијава што ги живееме, само тие ќе знаат што токму сониле", заклучила таа видно растревожена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, не можам да го препознам оној свет во кој ги живеев најубавите денови од мојот живот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И весниците, во тоа време, истото го пишуваа, уште пред да започне изградбата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ништо друго и не можевме да очекуваме, ништо друго и не можеше да се случи, ниту да произлезе од нашите животи така како што ги живеевме.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)