ги (зам.) - загледа (гл.)

Но таа не само што не запре, ами почна со некакво испитувачко задоволство да ги загледува моите чевли, од сите страни, прво едниот па другиот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега, по толку години, Бојана првпат ги зеде со радост в раце и ги загледа една по една.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Методија, целиот во недоумение почна да ги загледува кон вратата за да види што е ова со матарката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Французите застанаа зад нив, почнаа да ги загледуваат, да се чудат што станува Шишман прв го крена својот поглед со очи големи како филџани, бледи од тага.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Чакарвелика ја крена раката на челото и ги загледа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од одајата слезе отец Иларион, ги загледа жените, го загледа него, и ги праша: - Што му е?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога врзаниот наближа кон полковниците, ги загледа луто, бесно, и напна на јажето да се втурне кон нив, но луѓето што го влечкаа за мишките не му дадоа да се доближи до нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Началникот ги загледа, нишна со главата и рече: „А, луд е, велите...?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се сврте кон тројцата и почна да ги загледува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Службеничката им го закажа денот и часот, па љубопитно ги загледа и низ своите очила и низ стаклото на шалтерот, и со насмевка ги потсети да си поведат и сведоци за регистрацијата, тој од една таа од друга страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Продавачот ги загледа и ги праша да немаат уште пари.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Одејќи долж широкиот булевар, на правливиот тротоар окупиран од паркирани автомобили забележав: бабичка си фатила свое ќоше и продава врзопчиња чај наредени на картонска кутија. Ги загледав чаевите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се сврти кон тројцата и почна да ги загледува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Постоја така загледан и повторно пријде кон гробот од жена му и кон својот; ги загледа, клекна крај гробот од жена му, ѝ запали свеќа од тие што ги најде тука недогорени, а потоа запали свеќа на гробовите од татко му и макја му.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)