ги (зам.) - закачи (гл.)

— им вели Толе и им запрети оти ќе ги обеси ако не стигнат пушките уште за некој и друг, месец, кога ќе треба да се употребат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледајќи ги Шаќира и Ѓура, се сети дека есеноска испрати по овие двајцата шестотини лири за пушки, та сега ги закачи нив за таа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа ги одвитка и ги закачи заедно четирите мали ролнички хартија што веќе беа испаднале од пневматичната цевка од десната страна на неговата маса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дејствието е елка врз која писателот ги закачува украсите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Нејсе, младиот човек ми помагаше да ги одвртам стутканите панталони и да ги закачам на закачалки, да ги наредам по гардероберите, да ги испрскам со топла вода и да чекам до 9 часот да се испеглаат сами од себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од тоа сепак ќе имаат корист, така, нема да им ги закачи тешките вериги.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стрепеше особено кога Бојан ќе испружеше рака нагоре, барајќи место каде да се фати, каде да ги закачи прстите, а такво место немаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот весело ги распрашуваше за сето време, им прикажуваше за работата на младинците, кои што работеа блиску до неговото село и ги закачаше дека ако не станат ударници веднаш ќе ги симне од колата, за да продолжат пеш по јулскиот пек.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Претполагаа дека ќе ги стрелаат, можеби ќе им ги пресечат главите со јатаганите и после ќе ги закачат на колје за да се плашат ѓаурите од власта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Треба да ја погодиш мушичката, - му објаснуваше Фоте, одбирајќи ги пред да ги закачи на јадицата. - Инаку нема да загризе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Долгите зборови ќе ги закачиш при врвот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)