ги (зам.) - затече (гл.)

И така, во пријатна расположба ги затече зората и градскиот телал Дуче со својот барабан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако ги затече живи „бунтовниците“, тој лично ќе му ги предаде нему — на валијата, да им суди судот, ако имаат кабает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
2. Конзулот си достоја на зборот и му ги теслими на валијата „бунтовниците“ Шаќира и Ѓура пак со интервенција да им се суди по царските закони, и овие се најдоа уште истата вечер во Катилана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако беше ги затекол да печат сланина, никоја матна не ги носеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Врвовите на ученичките моливи се залепија за тетратките на она место каде што ги затече неочекуваниот остер ѕвонеж.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тука ги затече разденувањето, со темницата и облаците се повлекоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Обрачот се приближи и до црквата каде што ги затече сите млади луѓе, жени и деца и добро му дојдоа сите на куп да не ги собираат од куќа на куќа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука ги затече разденувањето, со темницата и облаците се повлекоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)