ги (зам.) - збуни (гл.)

Тоа многу ги збуни и многу ги загрижи потерџиите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Старите патници не ги збуни прашањето на германските царинарници дали носат со себе ракија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Страшно ги збунила мојата објективност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога заврши, Сребрениот Џорџ ми рече дека навистина се воодушевени, бидејќи чуле дека никогаш не давам интервјуа, а еве сега сум им раскажал повеќе од било кому пред мене.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се договоривме и кога се вратија со полните кеси во раце ги збунивме сосема.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Очекуваа: но Отец Симеон ги збуни и ги намали во сувите, крцкави столови вртејќи се од дојдениот и земајќи ја чашата од пред себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оваа стара и сложена трансформација одново и одново успеваше да ги збунува тигрите, разлутени од својата инсинуација.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Каде што ќе ги збунам речникот и правописот (та доста веќе тие ме збунуваат и негодуваат против мене).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Малиот Едо ги збуни родителите кога тргна да оди на училиште.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Подоцна, читајќи книги со шарени цртежи за прекуокеанските освојувања постепено почнав да сваќам дека најуспешен почетен чекор на освојувачите бил што ги збуниле домородците со необичните ситници (повторно, чудесното огледало).
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Пишпирик и Барбут- бег останаа неми. Грубиот пречек ги збуни.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не е важно што е троа блед и збунет, за работа тој е пожилав од јуне.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Токму тоа и ги збунува критичарите: гледајќи дека Набоков не прави видлива разлика меѓу речта на хероите, не гледајќи ја исфокусираната авторска оценка, тие го обвинуваат Набоков за нејзино непостоење, во негова некритичност кон моралот, во “нерускост”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Понекогаш тоа ги збунува, зашто делата што мене ми се допаѓаат не се секогаш оние што нивната критика ги цени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
виртуална преслека - корисник(чка) на BBS што ги што употребува име од спротивниот пол, за да ги збуни останатите корисници 116 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таму убаво пишува дека големата жалост од децата не треба да се крие, зашто тие вештачката рамнодушност ја толкуваат како недостиг на емоции, а тоа ги збунува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ама дури ни овој сон на Видина Вејката, иако ги збуни и го запаметија, брезничани не ги вчудовиде зашто тие се имаа изнаслушано ветриви соништа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со тие коњи кои сега некако ги олабавија ремените; кои ни сам не знам како, однадвор ги отворија прозорците, и без да ги збуни крикот на семејството, ги провлекуваат главите секој низ по еден прозорец, па така мирно го посматраат болниот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајката стои крај постелата и ме мами да дојдам; ја послушувам и, додека еден од коњите на сет глас ’ржи кон таванот, ја потпирам главата на градите на младичот кому му минуваат морници под допирот на мојата влажна брада.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Чистота прочистена со лесна порнографија, наивност што ги збунува и најискусните и невиност што ве силува и ве поттикнува да сторите нешто што е казниво со закон.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)