ги (зам.) - зголеми (гл.)

Откривањето на кадиските сиџили во Битола, речиси преку ноќ, ги зголеми амбициите и на младите и на постарите научни кадри во областа на историските, на правните, на економските, на филолошките и на други науки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ветуваа дека двојно ќе ги зголемат приносите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Портата, пак, незаситлива и вечно сомничава дека Акиноските, заедно со собирачите на приходите, ја поткрадуваат, одново ги зголеми борачките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа, Портата, поаѓајќи од умножената работна рака, им ги зголеми давачките, и трето, поради каквата-таквата заштита од самоволијата на приватните спахии- Турци, на Имотот почнаа да се доселуваат елевтери.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како за инат и времето им ги зголеми страданиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така, чорбаџи Трајко, Димо, попе, даскале, така.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Телото развива толеранција на опијатите така што корисниците мораат да ги зголемуваат дозите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во оџачето одново прсна искра, за миг ги осветли и ги зголеми сенките врз ѕидот и Циљка толку долго ги гледаше, колку што летот на искрата во чија светлина го виде бледото и питомо лице на Мита и десницата нејзина во одвај видливо движење крената до челото кое го допираше со трите прсти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаше и лице, и од, и става, речиси се што им ги зголемува очите и им ги раздвижува 'рнките на сладокусците.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи имаше сѐ што треба да ја краси една привлечна жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќето од она што стигнува во Велика Британија е од увоз: всушност многу од оваа дрога сега доаѓа од Источна Европа, каде бившите државно финансирани лаборатории сега мора да наоѓаат нови начини сами да заработуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Херман ја опишува растечката софистицираност со која производи­те­лите и дилерите работат за да ги зголемат профитите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Б: На суптилен начин тоа го менува начинот на мислење на луѓето; ги зголемува можностите на она што можат да го помислат или почувствуваат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И прави сѐ што може за да ги зголеми сталешките разлики што ја делат Милдред од светот кон кој се стреми самата Веда и на кој, во својата фантазија, му припаѓа по правдина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веда не се колеба да заземе држење на презирна надменица кога ѝ се обраќа на мајка си: „Никогаш не си зборувала за твоите, од кај си“, вели, реторички изземајќи се од своето родословие по мајка, небаре „нејзините на Милдред“ не се, всушност, и нејзини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што стори фашизмот? Уште еднаш ги раскара народите, им ги умножи и размести границите, ги зголеми проклетствата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога виде татко ми каква корист имавме, тој ненадејно ги зголеми и така за неколку години имавме околу петсто молзници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Граничните конфликти ги откриваат и ги зголемуваат тензиите во општеството, разоткривајќи ги пукнатините и дупките во општествениот поредок.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Било дозволено таа да се изгради, бидејќи таа претставува или одразува некоја институција или доминантна култура.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Буџетот за архитектура е сто пати поголем од буџетот за јавна уметност, бидејќи една зграда обезбедува нови работни места и производи и услуги кои ги зголемуваат финансиите на градот...
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тоа им ги рашири очите, им ги зголеми зениците.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Окуражени од виното, тие само се насмевнаа и тргнаа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Конкретно, за разлика од птиците, ние поседуваме и лингвистички способности, кои ги зголемуваат нашите склоности за создавање претстави и планови во нашите глави.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
-Во својата алчност тие ги зголемија вештачката емиграција и царинските бариери, попречувајќи го слободното движење на луѓето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
-Во својата страст за контрола, тие воспоставија системи на принудно образование за да ги ограничат детските умови и за да ја уништат мудроста и невиноста на младите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
-Во својата страст за моќ тие ги контролираат сите средства за комуникација за да го спречат слободниот тек на идеи и за да ги блокираат љубовните размени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)