ги (зам.) - избразди (гл.)

Овој напор го огрди, уште повеќе го остаре неговото лице, уште повеќе му ги избразди и му ги искриви брчките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А со деновите што одминуваат, одвај забележливо се враќа во нејзините очи онака како што на каменот се појавува лишај и како што коренот се пробива низ кремени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Течат по избразденото лице. Паѓаат врз овенатите лисја на пелинот што расте крај прагот на бараката...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)