ги (зам.) - изора (гл.)

Откако ги изора и ги посеа нивите, набра шума и подигна два лисника и ги пренесе дрвата за зима, веќе не се делеше од чикрикот и фурката. Влачеше, ткаеше, плетеше.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Светот, оној свет чии чела грижата ги изора со плугот на неизвесноста, очекуваше уште многу топлина од сонцето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ама вели нели мауце устанаме, на пролет ки нема кој сте ниви да ги изора, бодланка и трн ки наудре, дрмки и капини ки гу завијат лицито на полето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)