ги (зам.) - израсне (гл.)

Се прашував: кој нив сега ќе ги израсне?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа на старост се мачи, ги израсна децата како арслани и еднаш во својот живот ќе прави радост и ќе ја прави сите да ја видат, некои да ѝ заблазат, други да ја оговараат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Александар во целост беше сигурен дека ако има деца, попаметно му е да ги израсни било каде, само не во земјата под власт на генералот Стојан... но беше и сигурен дека ова место е неговиот дом.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Задржа поглед на синото небо и со подзамижани очи, тој праша: - Велиш веленцето ти е даровно и на него си ги израснала и чедата и внуците?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така Дуде растеше од Груда до Горда, додека слободата слегуваше од планините до градовите, прво во опинци па во цокули па во чевли, а сирењето што им беше и појадок и ручек и вечера сега го немаше ни за лек, додека се подавија во пипер и патлиџан, барабар во краставици со сите кривини, а девојчињата што ги израснаа крутите селски здолништа немаа со што да си ги покријат пожолтените гаќички па навлекуваа куси панталони од постарите браќа и ги префаќаа нивните кражби по соседските овошки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)