ги (зам.) - качува (гл.)

Ја чекам скопската епозода од документарниот филм и гледам: во сточните вагони ги качуваат идните жртви на Треблинка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа средба во еден виртуелен простор на историјата трае само неколку мигови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И оној тогаш водел ајдамаци со калпаци од мечкина кожа, ги качувал и ги спуштал по ќорави беспатици и ги избегнувал населбите, ги избегнувал и местата на кои кесарови копја и стрели господареле над животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Погледнувам таму на хоризонтонтот... најдалеку...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги здогледувам сказалките... Токму тие од станицата Орсе... огромните сатови...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се бесеше за оградата за сама да ги качува скалите, успеваше да се искачи од еден на друг кат додека бевме зафатени...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ти пријде и ја оттурна осаменоста од тебе, и стоевте, дали маѓепсани од водоскокот што ви ги качуваше погледите угоре по искрите водени, по кои се качуваше и една бавна гасеница од виножито пред да се престори пеперуга или некој друг украс на денот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Високо, во планината, човекот е најблиску до желбата да се вивне над своите делнични грижи и да им се придружи на крилата што толку високо ги качуваат гордите орли.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)