ги (зам.) - лиши (гл.)

Кратил бил екстремен хераклитовец кој верувал дека сѐ е во состојба на постојан проток; а ова “сѐ” ги вклучува И значењата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога Кратил би имал право, овој проток на значења би ги лишил И неговите сопствени тврдења од каква И да било одредена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако изјавите на Дерида може да не значат ништо во која И да е апсолутна смисла, сепак, идејата за тоа како тие се интерпретираат да значат совршено има смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За разлика од денешните илегални дилери, легалните продавачи на марихуана не би биле поттикнати своите клиенти да ги привикнуваат на амфетамини, кокаин и хероин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, истата таа идеја ги лиши од било каква моќ во нивната сопствена заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Корисниците исто така би можеле многу полесно да ја увидат разликата помеѓу супстанцата која се смета за прилично безопасна и останатите дроги од кои државата и понатаму се обидува да ги лиши.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, на самото присвојување на таа честита женска улога може да се гледа и како на машка кражба на женската повластица, како на веќе виден пример на машки културен империјализам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Присвојувањево е типично за машката настојчивост да си бара статус на универзален субјект – статус на некој кому никогаш не му се строго забранети ниедно искуство и ниедна општествена улога.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, бидејќи вдовичлакот е една од малкуте родово особени, конвенционални женски улоги што нашироко се многу почитувани и бидејќи носи одредена општествена моќ и престижност, кога геј-мажите ќе ја запоседнат, тие ги лишуваат жените од монополот на неа и од општественото достоинство што им се згрнува бидејќи се нејзини единствени сопственички.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбира, сосема е во согласност со логиката и со имплицитната политика на машките геј-културни практики да се смета дека никому природно и автоматски не му следува право на такво достоинство и дека е нечесно да се бара општествена повластеност на туѓа сметка во свет во кој некои луѓе се дисквалификуваат од сериозна размисла поради нивната општествена обележаност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)