ги (зам.) - лока (гл.)

Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Широко езерско синило и таа како чун зариен во него; кога сите правеа куќи понастрана од езерото за да не ги лока и подјадува, Бандо тука, на самиот брег, до самата вода ја направи куќата да го слуша нејзинот шум, нејзиното заплискување на ѕидот од куќата и брегот; а кога езерото ќе надојдеше и ќе се разбеснеше, кога ќе почнеше да му ги подлокува ѕидовите на куќата, тој го молеше бога само да не му се урне куќата и да го потфати, а кога ќе се смиреше езерото, веднаш почнуваше да ги поправа и зацврстува ѕидовите. И така постојано.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)