ги (зам.) - лути (гл.)

Тоа, Јосифовото објавено писмо во цариградскиот весник, многу христијани во Потковицата и во Прилеп, и некои кои знаеја книга и некои кои не знаеја, едни од други наизуст го изучија, како Оче наш, и секогаш кога ќе се ставеа со гркомани, за да ги лутат, го кажуваа: „Господине Гајдарјо!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа многу ги лути и Фирсов и Атанасов и Панделеев.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тоа ги лутеше. Не тоа што му завидуваа за убавото работење.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)