ги (зам.) - мисли (гл.)

Но таа се наведна и, пребрза во својата нечујност, излезе од собата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите врвици се за врвење. И да ги мислиш најскришни, ако ти се на твојот пат, ќе ти се раздиплат, ќе ти се отворат, ќе ги врвиш...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А ние за поети си ги мислевме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мусли бег наеднаш остина. Иако не сакаше така да си помислат христијаните сам чувствуваше дека така зборува, како да ја пади од себе, од Арслан бег и од Турците во Потковицата несреќата: Оти високо летаат и грабаат па си мислат ќе ги смилостиват ако не ги убиваат, или оти ги мислат за божји птици па веруваат дека ќе ги стигне несреќа ако ги убиваат, праша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чувствуваат дека зборовите што ги зборувам со нив не се единствените мои зборови и мислите што ги мислам со нив не се единствените мои мисли, дека имам и други понеразбирливи зборови и други позаплеткани мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Истовремено, си знам дека мислите што ги мислам се недоветни и ненужни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Господи, со очај се мачев да разберам. Можеби само ги мислам своите прашања и можеби сум веќе безгласен и глув, мртов или пред умирање, нападнат од момчешки соништа!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)