ги (зам.) - навлече (гл.)

Митко се извлече од под јорганот, ги навлече влечките и ѕирна во кујната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ги навлече папучите и се шмугна во клозетот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури и го чу како вели -доле нозе боси, горе кур аждаја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ме чуја никаквеците, го чуја мојот хуманитарен глас во прилог на слободата на изразувањето, но се правеа дека не ме чуја, дека јас наводно својот глас сум го кренал откако тие си ги навлекоа црните надгробни плочи. Тоа не е вистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Раскажуваа носталгични војнички приказни за дома (како домовите да им беа на друг континент, а не само триесетина километри од нивните позиции), женетите за децата, неженетите за девојките, некој секогаш ги пцуеше политичарите, а тој најчесто молчеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се собуваа на смени, си ги триеја помодрените стапала со снег и ги сушеа на огнот за барем малку да ги стоплат пред да ги навлечат повторно чизмите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потресениот гледач, односно патникот во авионот, чии трауматични сеќавања од лулањето на беспомошната количка на тркалото на „панорамата“ во луна-паркот сега, во авионот, доживуваат хиперболнична реприза, добива, како додаток на стравот, жежок чај што, вон контрола, му се истура врз панталоните.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се исправи баба Цвета, ги навлече нозете во карираните влечки, се поткрена на бастунот, па пред да појде, се заврте уште еднаш: А му велам на татко ми, арно ти е тука.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Двете ангелчиња на бел послужавник донесуваат бела облека и насмеани маска и му ги навлекуваат на св. Јован, додека Хорот пее.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Чувствуваш ли како сè станува чудесно? (Цеце се вкочанува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Девојката станува од хаубата, ги навлекува гаќичките и застанува до младичот) Сè е како некоја прекрасна мелодија од Ирвин Берлин!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Само момент, веднаш се враќам” - конечно вели, ги навлекува папучите и се клацка кон кујната.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Според старото правило дека клинот со клин се избива, кога ќе го почувствува неподносливото стегање во внатрешноста на черепот, Константин З. ја врзува главата со свилена ешарпа што потоа силно ја затегнува, и онака врзан околу, во последно време проќелавената глава, врвејќи покрај огледалото со конзола во кое го следи својот комичен одраз со ешарпата чии краеви му паѓаат на рамениците, мрцлаво влечејќи ги пантофлите по паркетот од неговата служебна квартира, оди до високите прозорци, ги навлекува тешките драперии и кога во просторот ќе зацари смирувачката темница, легнува во празниот брачен кревет од својата спална соба и конечно почнува да се опушта.  З. не е самец, иако тука, во Скопје, живее самечки живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дончо другата стомна ја накреваше само за да ја претури во себе онака седнат над сламарникот, веднаш по отворањето на очите и откако ќе се проѕевнеше, откако ќе си ги навлечеше кусите пантолони со прерамки врз голата снага, со цела франџола леб и голем комат сирење, излегуваше во дворот оставајќи си го гласот зад себе На ректа ки са мијам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И додека повторуваше Доцнам, доцнам, а ти ме зазборуваш ја отвори вратата и отрча по скалите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги навлеков наламите и се исправив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги фрли симидите во чантата, ги навлече сандалите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овој пат кај мене беше надвладеала намерата да не си играм послушен полтрон.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа дојде, си ги навлече патиките, заклучи, го стави клучот под чергиче и заедно си заминавме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја замолив Мони прво да ми прави друштво до продавница, а потоа да одиме кај Бистра за да ја викнеме на лулашки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се надевам Многу брзо ќе го има растот на брат ми од пет години Кога ги навлече огромните чевли на татко ми.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И ќе ги навлече своите момчешки зглобови, раце, прсти, во златните крилја и златниот восок.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека ноќта лежев во постела ја чув како ги навлекува сѐ до долу, до самото дно на прозорецот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
По многувековното слушање единствено благи и тивки ветриња, слушањето лисја што паѓаат од дрвјата и трева што меко расте додека снеговите се топат, Ушите сега се подмачкаа, ги навлекоа затегнатите, големи опна по кои дамарите на освојувачите трепереа како лесен лепет на крилја од некој комарец.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)