ги (зам.) - налегне (гл.)

Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Смрдливиот ветер (оловен ќе е бетер), ги налегнува игранките.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие што останаа живи ги налегнаа, ги изврзаа и заедно со жените и децата ги истераа од црквата, а неа откако ги извадија двајцата мртви сејмени, ја запалија со сите исклани селани во неа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Колку што се тие разбојници та сто души сејмени што не можевте да ги налегнете? – Колку се, што се, не може да се разбере.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе ги здиплам убаво и ќе легнам на нив, ќе ги налегнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)