ги (зам.) - нападне (гл.)

Онака како што прават специјалците во очекување на заповед да ги нападнат голораките граѓани на претседателот, од благодарност за дадената доверба.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Чекајте, полека, - рече Коле, - треба да направиме план: да видиме како ќе ги нападнеме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се затресоа мудурот и чаушот што останаа со војниците и пак го фатија нокта црквеното кале — да се бранат ако ги нападне Толе, како што направи лани на Илинден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина, на Толета не му тежеше умот за ништо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе преку Врпско ја прејде Црна и во Гудјаково го најде распиштолен Андона со своите четници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го распореди аскерот во три табури по педесетина души, а педесетина остави да ја вардат кашлата и конакот, да не му текне пак на Толета да ги нападне и во самото Витолиште, кога ќе разбере дека кашлата е празна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оваа ситуација ја искористиле Романците кои ги нападнале Бугарите и ја зазеле јужна Добруџа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Османлиите ги нападнале Бугарите и ја освоиле источна Тракија и Едрене.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По претрпените порази Бугарија била принудена да склучи мир.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
д) Единаесетата и Дванаесетата македонска бригада добиле задача да ги нападнат комуникациите Куманово-Крива Паланка, а потоа Единаесетата бригада да го нападне Кратово и да премине на Овче Поле, а Дванаесетата бригада да остане во реонот на планината Руен:
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Душан Пленча, 157-183. 26 Auty Ph. and Clogg R., ed., British policy towards wartime resistance in Yugoslavia an Greece. London 1975,60. 27 Elizabeth Barker, Op.cit., 45. 28 F.V.Dikin, Bojovna planina. Nolit, Beograd 1973, 158; Kljakovic Vojmir, Velika Britanija, Sovjetski Savez i ustanak i Jugoslaviji 1941 godine. VIG, 2,1970,72 29 На 1 ноември 1941 година четниците ги нападнале партизаните во Ужице со што го прекршиле даденото ветување дека нема да ги напаѓаат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Неговата намера било да ги ослободи прилепската, битолската и кичевската област пред да ги нападне комуникациите на Вардар.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Градот, меѓутоа ја прави средбата неизбежна, што носи одредена непријатност. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 161 Притисокот на неизбежноста го загрозува човекот што е несигурен во себе, којшто, за да се прикрие подобро, станува агресивен или недруштвен, ги напаѓа другите или себеси.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој не ги напаѓа симптомите, туку ги анализира причините.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Прво, уште на пристапот кон колибите, збиени една до друга на една зарамнина, со безброј плевни и кошари наоколу, ги нападнаа булук кучишта, та изгледаше дека на Бојан и Денко овој ден им е последен ден од животот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Очигледно потсмевајќи му се на оној што вообичаено се нарекува перверзен, во рамките и сексуалните обичаи и перспективи на гледањето, тој ингениозно ги нападнал и уништил овие статички конвенции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во 1987 Nature објави еден есеј во кој двајца физичари се жалеа на растечкиот јавен скептицизам во однос на науката.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Физичарите го обвинуваа овој подмолен тренд на четворицата философи кои ги нападнаа традиционалните поими на научна вистина и прогрес: Карл Р. Попер, кој изјави дека теориите никогаш не можат да се докажат туку само да се фалсификуваат; Имре Лакатош, кој тврдеше дека научниците го игнорираат доказниот материјал за фалсификувањето; Томас С. Кун, кој се залага за тоа дека науката е попрво политички отколку рационален процес; и Пол К. Фаерабенд.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кузман гледаше во децата некое време потоа предложи да ги опколиме и да ги нападнеме од двете страни на улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но тој тогаш се задржа подолго, и потоа, на излегување, се задржа за да им се восхитува на растенијата што беа посадени во саксии на терасата, и да сочувствува со неа поради лисните вошки кои ги напаѓаат цвеќињата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа на средните сталежи им е начин да се издигнат, нешто како Веда во Милдред Пирс, преку презир кон сѐ што е средносталешко (Веда е најсредносталешка токму кога ја презира љубовницата на татко ѝ зашто била „упадливо од средниот сталеж“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Омразата, омаловажувањето, жегливиот презир со кој општествено постремежливите припадници на средниот сталеж гледаат на средносталешката култура, а со тоа и си ја потврдуваат надмоќноста и исклучителноста, се непознати надвор од средниот сталеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби е стамена, но не е сериозна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Никој никогаш не ги нападнал вредностите на буржоазијата онолку жестоко како самата буржоазија (помислете само на Флобер или, впрочем, на целиот жанр на буржоаскиот роман од деветнаесеттиот век). ‌По самата своја дефиниција, тогаш, мелодрамата е неуспешна трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ќе ги нападнат страстите, опседнати се со тоа, блокирајќи го целиот свој ум.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш болката на иронијата ги напаѓа, ја стега утринската надеж, им се остварува судбината тие да немаат доблест во мигот на надојдената небиднина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дознавајќи ја оваа вест, Турците започнале да се собираат околу уќуматот и наежени да ги напаѓаат христијаните што тука случајно поминувале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Џеров одговори: „Нека се остават Турците да демонстрираат по улиците, но да се пука и да се убиваат со што може ако ги нападнат куќите“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие сметале дека атентаторите можат да ги нападнат и нивните конзулати, па така во болницата фамилиите ќе им бидат посигурни109.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во „Емброс“ била објавена вест во која се кажувало дека атентаторите имале планирано да ги нападнат со бомби грчкиот конзулат, Грчката митрополија и грчката гимназија, но не успеале да го реализираат тој план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа што колежите и убиствата во Битола не зеле поголеми размери во значителна мера се должи на фактот што започнале напладне кога граѓаните веќе биле дома, чаршијата, поучена од Солун, веднаш се затворила, а башибозукот беснеел по улиците, но не се решавал да ги напаѓа христијанските домови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
“125 Се покажал сосем неоправдан стравот на некои од конзулите на големите сили дека заговорниците би можеле да ги нападнат нивните конзулати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Единици на ДАГ бочно ги нападнаа грчките кралски единици..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
5 Го снемало, умрел. За таквите каков што бил Дмитар-Пајко обично се кажувало до заборав - умре по Поклади на патот кон Лесново, како што можело да се споменува, за него или за друг бележит селанец, дека се родил околу Задушници, кога овците на тој и тој ги нападнал помор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се кинат птиците, летаат пердуви, ги нападнала орелска и штркелска пипка, врз коритници или врз лелеав шамок плиска крвав дожд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сретнуваат над страшни места, над песочии, над змиски карпи или над некогашни гробишта, и удираат едни на други - долг клун на подвижни нокти, кол на сор, крив нож на копје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сум бил, ме немало. Овде сум, утре пак ќе ме нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Царот се мислел и дошол на една оргинална идеја: изненадно да ги напаѓа непријателите, но плочите на коњите да бидат потковани наопаку.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Судбината ги замешала своите прсти и Струма се сретнала со водачот на азијатите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од љубовта до предавството не било далеку.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
При толку народњачка врева никој не се сети на стариот Вујадин, просветлениот таг, којшто (во народна песна) ги проколнува „лажливите очи” што „на зло го навеле”, од заседи и стапици да ги гледа по патиштата Турците и трговците, да ги напаѓа, убива и пљачкосува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Набргу Палестинците во Јордан ќе создадат држава во држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настапува црниот 17 септември. Арапските легии ги напаѓаат логорите на бегалците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Покрај сè што имаше поминато, Дарко го немаше изгубено ентузијазмот често да ги напаѓа девојките, и тоа не со толку лош успех.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тие ги напаѓаат, исто така, и болните и луѓето на умирање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стаорците сигурно ќе ги нападнат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овој им се заблагодари што го избраа и во оваа година, им напомна дека по ослободувањето на Анѓа кадијата сигурно ќе ги нападне, та според тоа им претстојат тешки борби.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште кога ја омириса миризбата на тос, со која секогаш скапоцените ткаенини беа во тоа време прскани да не ги напаѓаат молци и други инсекти (таа миризба по селата ја сметаа за турска) Анѓа навистина почувствува одвратност до блуење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Скопскиот беглер-бег и прилепскиот кадија го скроија планот да ги нападнат бунтовниците на големиот христијански празник Велигден, кој таа година беше доста ран – уште на 26 март.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Патем му рече Анѓеле на Трајчета: - Ноќеска ќе ги нападнат нашите, ќе им го земат оружјето, но ти треба да молчиш. Тие продолжија...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Велат дека во текот на ноќта педесет наши момчиња ги нападнале италијанските батерии.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Тие ѕверки ги напаѓаат само оние кои се плашат од нив или од коишто се плашат тие...“ Елифас Леви, Магијата на магите, Градец 63 (1985)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мора да 143 Braco Dimitrijević, introduction to Gallery of Contemporary Art, Braco Dimitrijević (Zagreb: Gallery of Contemporary Art, no. 191, Feb 8-25, 1973). 114 се случи ноќе, кога зградата спие“144, вели Кшиштоф Водичко (р. 1943, Варшава, Полска).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зградите што тој одбира да ги нападне со неговите големи слајд и видео проекции (што тој го нарекува ’интерогативен дизајн’) се обично оние кои доминираат во урбаниот пејзаж, оние кои го контролираат и регулираат протокот на секојдневниот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Логорашите ги врзале стражарите и ги нападнале жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ЛИОТ- диво животно, месојад што ги напаѓа домашните животни.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
ЦРЦАВУЛКА- животно кое на квачките им ги напаѓа пилињата. На српскохрватски- ласица.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Влезе внедоапно и, пред Лигушот да се соземе, Едо погледна в лево и в десно, готов да ги нападне сите што би се нашле внатре, но немаш некого.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)