ги (зам.) - напика (гл.)

На плоштадот, под дивиот костен, на влезот во уличката кон Главната пошта и амамот, чистачот на чевли Кадрија, откако ги напика кај глуждовите картончињата за да ми ги заштити од боја чорапите, ја крена кон мене шеретската насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Шетам околу костените, ја кревам главата угоре, барам, ама нигде да ги здогледам оние што пеат – сака да ме зазбори Кадрија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За да го отепа некако времео, излезе надвор и, откако малку се загледа во несмасната нова верзија на театарската зграда на плоштадот и во недоумение дали да премине преку плоштадот и да тргне по главната улица кон Драгорот или да сврти в десно и да се упати кон Ленски мост, ги напика рацете во џебовите и сепак сврте в лево да оди по улицата право нагоре, во спротивен правец.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите девојки ги напика во мијалницата и им нареди да се слечат до гола кожа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јадрите волци што ја јавнале Турција ги напикале обичните мали волци в бувар.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оти последен нивниот вагон, назад нема ништо друго освен безброј шини што се собираат таму на крајот само во две, а ваму, нагоре, на кај главата на возот, луѓето веќе се раздвижиле и ги растоваруваат бовчите, вреќите и другите нешта што ги напикале во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)