ги (зам.) - наслика (гл.)

Кога тоа и го кажав, ми кажа што рекол: дека еден ден, додека влегувал во метро, видел еден човек како им продава моливи на две жени - човек без нозе, кој се движел со помош на платформа на тркала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа ноќ Џонс бил тој човек, измислувајќи систем од јажиња и чекрци со чија помош бил во состојба да се подигне себеси за да може да ги наслика горните делови од платното, кои инаку не можел да ги досегне.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Конзервите од џумбирово дрво, батериската лампа, кутијата за кафе со четките: тие предмети, а и другите, не беа најдени туку направени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Станав молител во храмот, станав трагач по сопственото срце, се претворив во мечтател по сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како најголем уметник на ѕидот на вечноста ги насликав сликите на судбината, на светото место си подигнав сопствен олтар, мое светилиште.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Овој peintre maudit кој своите први слики ги насликал уште пред смртта на Рафаел (1520), бил сметан за намуртен мизантроп, а во своето атеље, велат, се качувал по скали кои ги подигал со себе така што неговото бедно дувло било потполно недостапно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Усните, долната нешто поиспакната и со поизразена боја на месо, сликарот ги видел во недоискажан збор и така ги насликал, со безгласност помеѓу „Кристап...“ и „... пор“.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Така создадов необична и невообичаена сопоставеност од портокалова, тиркизна, скерлетно пламена и златно ореолска боја и ги насликав женствено оние чија аура е видима трите ангелски лица трите посланика на искушението и гласот дури го насликав: 'Не кревај рака врз чедото свое!' Така сите бои со сите облици во вид на жиг на Светиот Дух (ни мој, ни не-мој) ги втиснав на дрвена плоча, пресувана стрпливо и грамотно небаре испосник за да опстане со силата на пречистата мисла, оти и мислата е светлост, и топлина, и магнетизам, енергија - сѐ на сѐ! и заедно, во возвишен, а за Окото дофатлив облик, ги склопив!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Десидерио е француски Дидиер, но во Неапол 1620 постоела работилница која поврзувала барем три уметника.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кој ги насликал повеќето “Монсу” слики?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)