ги (зам.) - натовари (гл.)

— Бре, немој, ќе ти се смеат векот и тебе и на детето — го советуваа селските луѓе, ама попот си остана на своето и го прати притропот Петрета да му помогне на малиот Крсте да ги натоварат парталите на магарето и да ги донесе кај Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е море, ќе проштаваш, Толе, за утре, туку излези денеска од село! — си помисли коџабашијата во себе и отиде кај поп Ристета да се посоветува што да прави да се спаси селото од очигледна пропаст.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јован тропна, ги зеде торбите и сакмата ги натовари на неговите маски и уште со два три саати рано го напуштија темното и толку омразено планинско селце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го дочека изутрина лебот и бравите, ги натовари на пет коњи и нарача за другиот ден пак толку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ги здогледа јарболите, помисли дека ќе ги натоварат на брод и ќе ги испратат на заточение во некои запустени места на Мала Азија или Африка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе ги извадиме затворачите и ќе ги натовариме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после ќе ги натовариме мажите со нивното оружје и, ајде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Членовите на семејството на Праведникот тоа го сфатија како знак на голема надеж ветена од небото, верувајќи во добар исход дури и кога по неколку месеци, ги натоварија во воз за концентрационите логори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Државните работи му ги натовари на Великиот везир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А тогаш ги преврте џебовите де се раздолжи со домарот, си ги натовари насликаните платна врз легнатите ногалки, приседна на триножникот спроти домарот да се збогува со него како со домаќ ин, со голтка како причесна, за добар пат, а скорешно видување, па одвај го запали успаниот мотор на натоварениот карван и се спушти од прочистениот манастирски воздух во затестената магла на градот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дедо Мраз ги натовари шепите на мечињата со чоколадни бонбони кои куклата – убавица, со помош на џуџињата, ги извади од црвената кутија на која се потпираше.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Под бујните веѓи, влажните очи уморно му светкаа и откако тетка ми ме изнабакнува по целото лице и убаво ме изгушка, тетин Јован срдечно ми ја стисна раката и ми помогна да ги натовариме куферите во неговиот автомобил.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурно, си помислив, ѝ е непријатно да признае дека и нејзе ѝ се одело во тоалет и чекала толку време.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со Трајчета ги прибраа падобраните и ги натоварија на Дорчо. Потоа се поздравија и тргнаа в село.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го јавна коњчето и побрза пак да ги натовари дрвата што ги остави во 'ржјата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги чекаат долу на друмот да ги натоварат селаните на камиони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Уште дури првите патници минуваа преку мостот, подзастанувајќи од чудење, градителот ги исплати работниците, ги изврза и ги натовари своите сандаци со справи и со хартии и заедно со оние везирови луѓе тргна кон Цариград.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А кога дојдов, сè онака суредено како што и го оставив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)