ги (зам.) - одбере (гл.)

Некои од делата кои беа во Oliverstone, сега се инсталирани во Kunsthaus на начин на кој Бојс го сакаше тоа во Rivoli.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вака, размислувајќи за Енди Ворхол веќе не знам по кој пат, по повод отворањето на неговиот музеј, изненаден сум колку освежувачки и убаво изгледа неговата спокојна себичност гледано од тука - колку поучно и ефикасно изгледа неговата себе-промоција во овој посебен културен момент - кога толку многу амбиција извира од претенциозната машина на непристрасната доблест. (...)Колку прекрасно изгледа гледано оттука: една чудна птица како што е Ендрју Ворхола да има толкаво срце и волја, воден од силната желба - неразнишана од метадоблестите на високата култура, да работи толку упорно за да ја оствари својата единствена цел - да го направи светот безбеден за “Енди Ворхол”, l ‘homme nouveau.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нараторот мора да знае како да ги одбере 90 Margina #11-12 [1994] | okno.mk и да ги реактивира моќта и енергијата на прав начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова е вистинска супстан­ција; трансформацијата е присутна во овие дела и во нивната инсталација, како во Plight.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како дополнување на регуларните проекции што ќе се одржу­ ваат во музејската сала (со големите јаболково зелени столови на склопување, дизајнирани во доцните дваесетти од Марсел Бројер), Франсис има намера да прикаже и неколку филма од пораната продукција на Ворхол, како “Empire” (1964) на пример; во соседната сала ќе бидат изложени уметниковите слики со славните личности од шеесеттите години.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ваквиот концепт има за цел да ја покаже врската и влијанието на Ворхоловите филмови во неговите слики и да ја истакне важноста на медиумот во “artists oeuvre”, но филмовите што Франсис ги одбра - со статични кадри - се формална инверзија на изложените слики и се карактеризираат со расположение што е антитеза на славната личност преставена на сликите веднаш тука покрај. (...)Франсисовата инсталација нема да биде од анти-хронолошки карактер како што изгледа на прв поглед; таа е дизајнирана така да го обработува делото на Ворхол повеќе како конгломерат на тематски целини што ќе бидат обработувани во засебни инсталации. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 151 Дејв Хикеј Институцијата Енди “Добро тогаш, ако е Фектори (фабрика), што произведува?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не случајно, во еден миг, судбината такму нив ги одбра за да покаже со прст на подлата душа на сојузништвото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога одлучи дека ќе оди во Охрид со манекенките, веќе ми беше сосема јасно каков избор направи. Ги одбра нив. Тоа болеше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Заради илустрација ги одбрав теориите на:
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И ги одбрав нив, само затоа што бев исплашен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Навистина ги одбра луѓето, по чии што стапалки ќе се загледаш како теле, мислеше солзејќи од смеење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Насмеаната жена не само што ја наслика онаква каква што и самата се гледаше (негде длабоко во срцето), туку си направи и слика за себе, само што Пелагија требаше да ги одбере расфрланите зборови од татнежот и да се заклучи дека тетката Перса ( Името ми е Перса, рече) не била од секогаш сама, туку имала добар сопруг, името му било Панајот, бавчаванџија (Ми стопанствоно Острово половината беше наше), господ ги дарил со мома (Елена мајкин изгор, лична како тебе, мила), ама пустата војна ги однела и двајцата, и токму тука, на овој дел од разговорот тетката Перса ја грабнува малечката Пелагија и почнува да ја гушка и да ја бакнува, (Златната она на баба, дојди ми миличка да те помилувам!) и продолжи да кажува дека оваа малечка куќарка е голема за неа самата, а знае дека барала некое местенце за да се прибере со момичето, рече Оваа одајка од десно што гледа на страната на кај Острово ќе биде за мене, а оваа другава, од оваа страна, што гледа на кај зградата за бегалци нека биде за вас, и продолжи На кучево ќе му направиме куќичка во градинава! и ја отвора вратата сѐ уште стискајќи ја Пела на градите, ги внесува во претсобје големо колку нејзиното подрумче во кое се пулат четири врати и Пелагија нема време сѐ да собере во своите очи оти тетката Перса веднаш ја отвора вратата од одајката која со едно ама големо прозорче гледа на кај фабриката и на кај зградата на бегалците.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така со време, не ги собра ами ги одбра, покарактеристичните случаи од тие свои одговори и ги објави во одделна книшка што наиде на широк прием кај читателите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сама ги одбра предметите-нешта во коишто ќе престојува: моливот и глината писмата и терасата што ја нема египетската мачка и хербариумот албумите и огледалата глобусот и зборот животинскиот ојас и млечта, пчелите трпезите за народ и за љубов...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Една од оние што не ги бирам по своја волја но би ги одбрала.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)