ги (зам.) - одврзе (гл.)

Како да не беше се променила, па дури ни синџирот со гровчињата, ни крстот, ни амајлијата, скопците :не беше ги одврзала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ги поразмрда, се поткрена малку со помошта на Крсте и ја свитка половината нагоре, но не можеше да ја стигне ортомата да си ги одврзе нозете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега таа беше слушателот, а Роска и Душка ги одврзаа своите љубовни торби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Квечерина, бел ветер им ги одврзува нивните црни шамии А потоа сами влегуваат во ноќта и сами низ неа се симнуваат самоти морето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога Сане ќе стане од ковчегот и ќе зачекори низ воздухот, кон своето успение, авторот ќе се запраша: „Му ги одврза ли Господ нозете на Санета од земјата, му ја пресече ли ортомата со која беше зајамчен за неа...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му ги одврза ли Господ нозете на Санета од земјата, му ја пресече ли ортомата со која беше зајамчен за неа, му ја излечи ли болката во исушените и вкочанети нозе, му даде ли сила со летање да си стигне и да си прилегне во гробот, само тој знаеше и никој друг.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тамам го помислувам тоа, еве ти го него, целиот задишан се бувнува во вратата, ги соблекува без да ги одврзе патиките, едната ја фрла на една страна, другата на друга, ја остава отворена вратата од шкафчето за чевли... Збеснувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас стоев настрана. Кога и ги одврзаа бандажите, затворив очи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По ден или два ќе ми ги одврзат рацете и пак ќе се најдам во котлината на смртта...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
– Какви бераати, какви пачаври, бре домуси, туку ајте збирајте селаните да носат парите – им се врекна кадијата и им нареди на сејмените да ги одврзат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На овој истиов поп и на кефалијата еден од чифчиите од Букри, им раскажа на Атпазар во Битола, дури ги држеше воловите од бегот што беа за продавање, како нивниот бег сите ги затвора ноќе во кошарите заедно со стоката, некои дури ги врзува за јасли со долга ортома за да можат да им турат сено на коњите и воловите; како наутро ги одврзува за на работа, им удира по десет грбачи да не зборуваат зашто се робови и им ги предава на ќаата кој по углед на бегот и по негова наредба, барем по три пати на ден им удира по десетина-дваесет грбачи; како за мали кривици ги врзува летно време по цел ден за некој дирек или дрво голи и намачкани со мед или маст, да се збираат мувите и осите на нив; како посега на честа на секоја млада жена и девојка што ќе му се допадне, а веќе првата ноќ по венчавањето младата невеста ќе ја преспие со бегот на кулата, тоа си е адет и закон.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Другите убаво ги претепаа, ги одврзаа и ги натераа да ископаат јами, да ги закопаат истепаните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога му пристапија сините униформи и му ги одврзаа рацете тој веднаш почна да се оправдува: „Добро, признавам, им го дадов огнот, но тоа беше толку одамна! Делото е застарено!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Му ги одврзале рацете, устата, очите и со часови го триеле со топла вода и ракија.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Инаку: нема излегување и - точка. А од ова не можам да избегам...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си ги одврзав патиките и ги шутнав под клупата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Како ја смилостиви?“ „Тато ми помогна. Нели сме мажи!?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Анѓеле и Трајче се поздравија со Горјана, ги одврзаа коњите и тргнаа в село.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Немале време да ги одврзат животните, одвај само луѓето се спасиле.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме многу убави волови, ги одврзаа од јаслите, имаа убави синџири и двајцата, по еден вол зедоа и заминаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се помислив, помислив и ги одврзав кравата и магарето. Го качувам Ѕвездана на магаре и тргнуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)