ги (зам.) - одземе (гл.)

Пред да дојдете, во сонот споменуваше дека некој му ги одзел сиџилите, дека ги вратил во вакафот, а него ќе го казниле поради нивното исчезнување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Затоа, кога дознав, тоа беше набрзо по последната Голема војна, во времето на колективизацијата што ја наредија властите од сета Македонија, дека тамошната задруга, Лазарополската, му ги одзела овците на Рафаила и забранила тие да доаѓаат на зимување во Петочна Вода, многу го ожалија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој се издиша, стегајќи ја ортомата колку што може поцврсто со рацете, оти знаеше дека можат да му ги одземат коњите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
12. Наеднаш нешто ме запре, ми ги одзеде нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во овој период за таквиот негов однос големо влијание имале изолационистите, во чии редови се наоѓале главно Американци од германско, ирско и скандинавско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Помалите држави обично имаа легации (претставништва) на чело со т.н. министер или конзули (кои биле задолжени за економските интереси). 10 The Foreign Relation of the United States scries, во нив нема голем број документи коишто се однесуваат на американската политика спрема македонското прашање. 11 Термин од меѓувоениот период со којшто се означувал регион каде што судирите и насилството биле вообичаени, сиромаштијата била правило и каде што населението напросто не било подготвено за западните идеали на политичката култура: регион во којшто „ориенталниот“ карактер на Турците ги одзел европските вредности. 14 Во својот втор претседателски мандат (1937-1941), Франклин Делано Рузвелт поголем дел од својата државничка дејност ја посветил на внатрешната политика, а интересот за надворешната политика бил во втор план.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Постојано се жалеше на старите. Божем тие му ги одзеле одот а не лошата болест!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Значи, рековме, за глава пониска - тврдоглаво продолжуваше на неговиот начин Ристе Блажевски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше свадбена пролет и неа ништо, па ни неспокојот, разговорите и изблиците на војната што почна засилено да пламнува, не можеше да им ги одземе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наместо со мирисот на цутовите, воздухот беше презаситен со атмосферата на протести, немири и општ неспокој што го означија крајот на март и конечно со веста за државниот удар извршен против прогерманската политика на Дворот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја стигнав во еден скок и ѝ ги одзедов коњите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ти си вистинска мудрост или возбудливо предавство на стравот и суптилното везило Студ ѝ ги одзеде боите на тревата додека во бранови минуваше.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Макар што кај сиромашните семејства стравот влегува од едната, а излегува од другата врата, нас речиси однапред нѐ поразуваше помислата дека некој може да ни ги одземе, да ни ги убие козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Им ги одзедовме имотите, дуќаните, немаат ништо, освен злобниот дух, па разбирливо, нивни пријатели станаа козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали ќе ни ги одземат или ќе ги убијат козите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми ги одзеде сите убави нешта, скривалиштето од бродот што потонал...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Му се приплати студот и му ги одзеде и рацете и нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му ги одзеде и рацете и нозете, го улогави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ми ги одземе главата и мозокот и ќе го исполни секое око и секој заб и сите свиоци во умот, сета коса, секој набор на ушните школки и тогаш ништо веќе не ќе остане од мене.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)