ги (зам.) - олабави (гл.)

Промртка Бугаринот што промртка и кога виде дека овој го притиска изусти едно тажно стенкање на чист македонски ГОВОР: — Е, јади ме, де, јади ме, ти падна во рацете! — и ги олабави своите раце од Митревите гради, откажувајќи се од понамошна борба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Коњ со минати подвизи? врело ’рзна и ги олабави мускулите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ги слушна мајмунчето, веднаш ги олабави шепите од вратот на човекот и рипна на првото дрво.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И многу сум среќна дека немам личен доктор за сопруг и партнер, кој секогаш би ми препишувал колку мг. треба да пијам од „енапот“ поради притисокот во вените, колку „деметрин“ во мг. поради несоницата во ноќите кога, од желба по него, очи не можам да затворам, па кога наутро ќе станам од постела бела и незгужвана, со „андоли“ да ми ги олабавува згрчените мускули.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Bitte.“ Ги чу зборовите упатени кон него и ги олабави прстите околу потпирот на столот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сум ги олабавила рацете и сестрата ми го зела детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас дури тогаш ги олабавив рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги олабавив прстите и се пуштив верувајќи на својата среќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Знаете, јас не сум оној што сакав да ви се прикажам пред малку!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И, како по нечија заповед, го напушти ставот на отсутност дури и на умртвеност, ги олабави колената, сиот се отпушти, а главата ја сврти настрана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гавранот полека ја дигна главата и ги олабави рацете.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)