ги (зам.) - освети (гл.)

Ако не оставиме да ги осветат грчки попишта, а ние нема да оставиме, ако писмото во црквата биде наше, а не грчко, ако децата во училиштето не учат наше писмо, а не грчко, ако во општината се служиме со наше писмо и наш јазик, црквата, општината и училиштето ќе бидат наши а не грчки, вели Максим Акиноски и ја зема од скутот тутурката која на краевите и на средината е заврзана со црвена панделка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Папата... Папата е дојден по идеолошкиот пекол во Скадар, градот маченик, во кој било жртвувано две илјади години старото верување, за да ги освети првите четири нови бискупи и да го охрабри троверниот албански народ во повратеното верување, од чии недра се извиши до универзална добрина светицата Мајка Тереза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Планот му бил да овега, на Партениј, и тоа отпосле се дозна, кога ќе бидат готови, соѕидани општината и училиштето, да дојде во Потковицата и ако не се согласи Максим милум и за поткуп, со сила да ги освети пред да го стори тоа некој егзархиски свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)