ги (зам.) - освои (гл.)

По патот, и првите два-три дена во Софија, дури бараа кај да се сместат, Орде Годивец, со кого Пискулиев како човек од постарата генерација немал никаков допир речиси од оној ден на крштењето, се покажа мирно и здржано момче и ги освои симпатиите на својот кум.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неговите куси приказни како што е Burning Chrome (ќе биде објавена во следната Маргина!), биле редовно номинирани за највисоки литерарни награди во SF жанрот, во 1984-та излезе неговиот прв роман Neuromancer и ги освоил наградите Хуго (Hugo) (по избор на читателите), Небула (Nebula - по избор на писателите на SF) и Филип Дик (Philip K. Dick), гренслем меѓу писателите на научна фантастика.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Востаниците успеале да ги освојат Скопје, Охрид, Костур и други градови.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во исто време навлегувањето на крстоносците го искористил и рашкиот жупан Немања кој навлегол во Македонија и ги освоил македонските средновековни градови: Градец во Горни Полог, Лешок во Долни Полог и Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа тоа не го спречило Алескандар III Македонски да го продолжи својот поход при што ги освоил Ариа, Дрангиана и Арахосиа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Царската круна ја примил од српскиот патријарх Јоаникие, трновскиот патријарх Симеон и охридскиот архиепископ Никола. По крунисувањето ги освоил Епир и Тесалија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 985 ја освоил Лариса во Тесалија; во 986 и нанел пораз на Византија; ги освоил Дукља и Далмација и стигнал до Задар, но не го освоил; зазел дел од Албанија со Драч, а се обидел да го освои и Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Севастократорот Влатко Паскач, татко на кесарот Углеша, бил господар на Славиште, ги освоил Прешево, Врање и Иногоште.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Користејќи го военото и политичкото слабеењето на Византија ги освоил Тракија и Македонија и стигнал до Коринтскиот залив.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И покрај својот остар јазик, Марче ги освои симпатиите на сите, штом се појави во нивната гимназија некаде од внатрешноста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бидејќи системот постепено ги поништува сите свои аксиоми и сите свои институции и постепено ги остварува сите цели на историската и револуционерна левица, оваа е приморана да ги обновува сите механизми на капиталот за да може еден ден да ги освои: од приватната сопственост до малото претпријатие, од армијата до националната величина, од пуританскиот морал до малограѓанската култура, од okno.mk | Margina #8-9 [1994] 17 правдата до универзитетот - сѐ треба да се сочува од она што се губи и исчезнува, од она што самиот систем, во својата суровост, се сложуваме, но и по својот иреверзибилен импулс, го ликвидирал.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ги видов како ги освојуваат горите, бескрајните ѕидови на морето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Потоа, кога нашите ќе отстапеа во шумата, тие излегуваа од окопите, ги собираа на куп убиените, ги натураа со бензин и ги палеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Македонските војници, млади селани-партизани, во есента 1944-та, јуришаа по голините за да ги освојат нивните утврдувања, а тие, откако ќе ги пуштеа блиску до себе, ги косеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навикнат на фактот дека кај нас - а така е и на сите други страни - авторите премногу лесно ги освојуваат сите можни жанрови, веста ја примив повеќе од скепса одошто со љубопитство.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не очекуваше да го најде во ниедна од тие зглопки, што ги освои толку внимателно; па сепак, и не мислејќи, тој го правеше сето она, што требаше да биде сторено кога се оди на еден вака голем лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оваа улога во серијата Жежок ветер, ја одигра Љубиша Самарџиќ, и на брзина ги освои гледачите од Вардар па до Триглав.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ти патиш од оригиналност со која се обидуваш да ги освоиш луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој со нетрпеливи потези започнува да ја гради стапицата од бои на белото платно за да го улови нејзиниот таинствен лик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа чекор по чекор ги освојува контурите на неговото скриено внатрешно лице.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Над мене летаа орли со две глави, обете од пластика.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Денот се сопнуваше на суви грмушки. Најпосле, како и секогаш, ги освои просторите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Неколку пати се појави на музички фестивали, и секако ги освои првите награди од стручното жири и публиката.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Не е важно. Ќе ги освоиме кога тоа ќе ни одговара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ако не ги освоиме, зошто е тоа толку важно ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Океанија би ги освоила деловите што некогаш беа познати како Франција и Германија, би требало или да го уништи населението, што би претставувало потфат со големи физички тешкотии, или пак да го асимилира населението од околу сто милиони луѓе кои, барем што се однесува до техничкиот развој, се приближно на нивото на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каде се Евразија и Истазија? Уште ни нив не сте ги освоиле.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овие генерали, сине, сакаат да ги освојат урнатините”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие ги освоија срцата на Турците, особено по Кримската војна, кога ги прифаќаа ранетите, отвораа народни училишта, отвораа стационари, сиропиталишта, болници...“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Би продолжил ли да ги освојува карпите и ридиштата на Пинд?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)