ги (зам.) - осознае (гл.)

Забуната настанува од вашата желба да ги видите точките, да ги осознаете, да ги протолкувате.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ниеднаш не успеа да ги осознае сите оние работи, што би ги сетил, влегувајќи во својата куќа на крајот од планинското село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За тоа време, женката, кралицата, која одамна ги осознала сите финеси на Играта, сѐ уште ранливо ги залажува поданиците дека и е неопходна нивната заштита.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Машината исто така им помогна да ги осознаат условите за гледање, им го моделираше она што се нарекува aisthesis, сега стимулирано и тренирано од новите техно-ефекти.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)