ги (зам.) - печали (гл.)

Синовите ми работат во Италија и со парите што таму ги печалат во Драч си купивме голем стан и таму наскоро ќе се селиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој го мразеше Адема со целата своја млада душа уште од своите петшест години, кога мајка му велеше дека Турците смрдат, дека тие се лоши луѓе, „пци што нѐ лачкаат нас христијаните, што нѐ тепаат секој ден и што ни го земаат житото, млекото, в'пата што ги печалиме ние".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)