ги (зам.) - планира (гл.)

Не поради некаква сентименталност, туку едноставно што знаеше од искуство дека многу работи што однапред ги планира човек - не секогаш се исполнуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој со палтото вршеше секакви домашни работи, но внимаваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Британците посебно ги интересирал советскиот одговор за таа идеја, бидејќи така би можеле да ги планираат следните свои чекори за да го спречат "заедничкиот југословенско-бугарски притисок врз Грција и отстапувањето на Западна Тракија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Целокупната активност што се одвивала меѓу Југославија и Бугарија, а во која индиректно била инволвирана и Грција, при крајот на Втората светска војна за британскиот политички естаблишмент претставувала „конфузна ситуација“ во која тие не гледале некоја перспектива за регулирање на односите меѓу балканските држави во „оваа фаза“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)