ги (зам.) - повлече (гл.)

По дознавањето дека е утужен, работодавачот реагира различно спрема конкретни поранешни вработени, обидувајќи се да ги компромитира и да внесе неслога меѓу нив – па така, на некои од нив им понудува да ги врати на работа, а тие за возврат да ги повлечат тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За среќа, Триманова не беше во онаа група работнички кои првично ги повлекоа тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странките се господари на спорот [и тие можат да се договараат за спорните работи или, пак, да ги повлекуваат своите барања] (Paul. – Sent. 1,1,5) Работничката Мимоза Вујошевиќ од Скопје (сега 57-годишна) беше во редовен работен однос во Градската синдикална организација Регионален совет – Скопје, а од 1998 година таа се води како вработена во Сојузот на синдикатите на Македонија – бидејќи ССМ, кадешто има околу 70-на вработени, по трансформацијата е правен следбеник на поранешната ГСО – која, пак, се смета за негов конститутивен организациски дел.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие, немајќи потребно правно знаење, а и како поевтина варијанта, заеднички се обраќаат до адвокат (А. Мандак) – кој­ тогаш, пак како попрактично решение им изготвува индивидуални тужби и потоа, поединечно, ги застапува при преземањето на сите правни дејствија – сѐ до завршувањето на спорот, за што си наплаќа 10% од вредноста на целиот спор, плус адвокатски трошоци согласно Адвокатската тарифа (1993)8 – коишто во нејзиниот конкретен спор изнесуваат вкупно 4.760 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, таа е прогласена за технолошки вишок и, од страна на работодавачот, и е врачено отказно решение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5.  Разделот три од овој Закон носи наслов: Извршување заради наплата на парично побарување – и во Главата XII [„Извршување 152 врз подвижни предмети“] се предвидени извршните дејствија: попис, процена, пленидба, продажба на стварите и намирување на доверителот (чл. 85, ЗИ). 153 Вујошевиќ против Сојуз на синдикатите на Македонија Спор за неисплатени плати и надоместоци1 De rebus litigiosis et convenire et transigere possumus.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги повлече вујко ми кој таму беше заминал уште пред Втората војна. Посетне тие го повикаа брат ми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На тие имиња им одговараат четири концепти, кои што ја контролираат атмосферата во споме­натите простори, а тоа се: надеж, авантуризам, утопија и катастрофа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кореспонденцијата пак, ги повлекла авторите уште понатаму, така што овие четири кон­цепти и се разбира нивните имиња ги поврзале уште со четири основни бои (зеле­ на, сина, жолта и црвена), со четири значајни просторни облици (квадрат, пирамида, топка, октаедер) и со четири класични елементи (земја, оган, вода, воздух).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Од каде знаеш? - Тие таму што беа ги повлекоа кога почнаа да ги затвораат луѓето во визбите на училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Колку што го боли раката, баш десната, толку понастојчиво поетот ги повлекува линиите небаре оттука, откај езерото од неговите песни, ќе ја здогледаме некако родната му куќа и ќе го почувствуваме опојниот мирис на шебојот од детството баш во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ги повикуваше сите шлепери на реката, сите, и целиот град, и небото, и полињата, и нас, сите да ги повлече, и Сена, и веќе еднаш да биде крај“. превод на двете интервјуа: Г. Н. Ом 38 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сакаше да ги повлече зборовите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најпосле, Палигоров се огласи: - Сокол Мечевски, во стручниот дел на предлогот, напиша дека ги открил сиџилите, но јас тоа го коригирав со: ги повлече.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вие добро знаете дека ние постојано велиме дека ги пренесе сиџилите од Битола во Скопје, што е послабо од - ги повлече, како што е напишано во предлогот за одликување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Добитокот се вознемири уште повеќе. Кучето подивено залаја. Тоа ги раздразни волците. Близината на пленот ги повлече напред.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе се видиме вечер. Денко безволно ги повлече нозете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дај боже, Дајбог да направи така, отидените да ги повлече срцето за назад.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И сите со кои разговара знаат, и сам тој знае точно на што мисли кога разговара, но секогаш прави така, откако ќе ги повлече еднаш дргите, нив ги остава да разговараат за тоа тој што си мислел.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги оставив крај срнчето, а јас ги повлеков нозете угоре низ сувите букови лисја...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Жив, но зашеметен, глушецот остана неподвижен, а мачорот се спружи, задните нозе ги повлече под себе, брадата си ја смести на предните нозе, а бушавата опашка почна да ја мавта на тревникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Внимателно ги фативме конците од двата агла, потем полека се упативме кон другите два агла, потем Филозофот прослови: „Сега, на мој знак, ќе ги повлечеме четирите конци; ти твоите два, јас моите два.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем даде знак и секој ги повлече конците во своите раце.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да имаше власт над сонцето, сигурно ќе го изгасне дента кога ќе требаше да се упокои, за другите да ги повлече со себе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа Високата Порта сторила сè што можела да ги убеди големите сили да ги повлечат своите бродови од Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
С Радев му дал полномошно на Сарафов и тој ги повлекол парите од Друштвото „Њујорк“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Само требаше да ги повлечат чкрапалата и привидното затишје да се претвори во канонада, рововската борба да се претвори во судир гради во гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Доколку секоја куќа ќе има воденица, каменен ковчег со врата, и бабуњосаниот ѓавол ќе ги повлече шепите од здружената сиромаштија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црниот Пандил Димулев, тревар и соплеменик на Проказниците, војник и мудрец како што учел од Тоските со кои некогаш, како дете, бил со одметнатиот татко, му шепнал на челникот да ги остави луѓето да се смират; тие без заповед ќе ги повлечат двоколките кон царски друм кога ќе престане дождот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш ги повлекол рацете со желба да ја ослободи од чувство дека ќе ѝ нанесе некое зло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го познавав: тој можеше да се одмаздува со раце и со нож, никогаш со оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, селаните од Кукулино, по душа и безбожници и многубошци, изнашле дека со една воденица, сеедно на кој дел од Давидица, Али-бег и неговите луѓе лесно ќе се расправат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се прашувал со грутчиња јад по сета става дали била скриен сведок на борбата со непознатите осуммина, на војувачката итрина или пребрзаноста на дружината прва да удри, дали го гледала крвавото умирање на оној што бил на нејзини години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некаков мраз однатре му ги набабри очите, потоа ги повлече, ги исмука од нив светлоста и влагата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потокот под нив станал погласен - ете, и водата се ослободува од своја мора.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа се стрчна назад и ги повлече и другите пци да тргнат по него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ема се стресе, набрзина ги повлече рацете и стана од креветот. Беше подзината и нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повторно се слушна силно тропање на влезната врата од станот и нејасен разговор на мажи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како од лоша вест, се растревожив морбидно, до мерка на зло претчувство: „Да не сум болна?!“ Ги повлеков подочниците и го исплазив јазикот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Со копачи ги испокинавме жиците што се протегаа од ѕидот зад неа и ја поеја со струја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Непроменлива во движењето, матицата ги повлече. Бавно и сепак сигурно ги носеше кон море на кое никогаш не ќе му го знаеме името.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но што станува со ловците по успешниот лов?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие тогаш ги креваат мрежите од длабините на морето, ги повлекуваат чуновите кон брегот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа се стрча назад и ги повлече и другите пци да тргната по него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Иако од измореноста денот го преспале, староста ги повлече накај легалото.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ми рече дека бара од мене да ги повлечам сите обвиненија против неа и да ѐ испллатам 20 000 долари за сите сценарија што некогаш ги напишала и да ја уфрлам во секој мој филм и - ја заврши листата со најголемиот сон што може да okno.mk | Margina #17-18 [1995] 231 го има еден лудак - да ја уфрлам во Шоуто на Џони Карсон.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Марија си ги повлече рацете.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Коста Ципата без зборови ги повлече синовите надолу, а и тие мирно му се покорија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Постоеја загледани во гробот, а потоа љубопитноста ги повлече и еден по друг почнаа да клекнуваат на колена и да го лепат ушето на плочата од гробот и да ослушнуваат; од длабината им идеше некаков подземен шум, тих, нејасен.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бајкалските гори не ја допуштаат, се чини, на Лена да црпи дел од водите на најдлабокото езеро на светот и да ги повлече, заедно со јагулите, кон заливот Буор Хај и до Лаптевското Море.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Одвај се додржуваа на нозете што внимателно ги спуштаа на земја попреку, вкопувајќи ги колку што можат, за да не ги повлече надолнината.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучедите ќе се спријателеа со војниците, но стражарите ги повлекоа на местото под оревот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сепак, знае дека Ана е свесна за неговото присуство, како божемски случајно, потврдувајќи го со главата тактот на валцерот, бавно ги шири нозете, потоа, со познат блесок на женски тријумф во очите, ги повлекува краевите на сукњата надолу.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Брадестите бурлаци запинаат да ги повлечат нанапред уморните октомвриски дождови и сѐ туку се допрашуваат онака на кирилица - тагата превртена наопаку радост ли се вика?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)