ги (зам.) - погледне (гл.)

Тој гласно го изговара, немоќно насмевнувајќи се, тажно, некако уморно, потоа продолжувајќи го своето мачно качување, повремено застанувајќи да се осврне и да ги погледне скалите зад себе. наслов на изворникот: Robert Coover, “The Elevator”, Pricksongs ѝ Descants, 1969.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Барем од патот ќе скратиме, — предложи Иван Попов и ги погледна своите другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Димче ги погледна, непознати, и некако сомнителни му се сторија, но не престана да си ги врви опинците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што ќе губиме недели, може и месеци по оние ридишта, да му ги дадиме главите на Џавидпаша, да му ги однесиме на нашиот Дургут паша, ако ги спасиме од Бехтијара, — одговори Циле за сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога ги погледнав колегите у моето опкружување од парламентот си поставив прашање дали е ова масло на Бог или па Ѓаолот ме донел тука.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тогаш Веле не можеше да ја крене главата и да ги погледне во очите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отсутно потпишав, без да ги погледнам последните отпечатоци пред тие да се монтираат во оловни блокови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако ги погледнеме настаните од последната руско-турска војна досега ќе видиме оти секоја арнотија од Бугарија за Македонците не е ништо, освен една компензација за глупостите што ги има направено Бугарија по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ебеш му матер, стари... Се случи“, промрморе брат му, без да ги погледне в очи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А сега нека ги погледнеме одблиску сродните прашања за тоа како описот што го употребуваме за карактеризирање на некој реален објект ,како на пример збор или број или слика, ја нијансира нашата идеја за сложеноста на тој објект.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вудринг има малку трпение со “по вокација” “необичните” слики: Можете да отидете во Tower Records, да ги погледнете кориците на албумите и насекаде ќе ја видите таа комерцијална извртеност!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ивона ги погледна и двата броја. Едниот веднаш го исклучи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нив тој ниеднаш не успеваше да ги најде и да ги погледне отворено; кога ќе ги побараше, застанат за да здивне, тие просто како да се стркалуваа, притискајќи се зад стеблата, за да наизлезат оттаму уште веднаш, штом ќе заминеше во новиот залет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не сака в лице да ги угрее да ги погледне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите тие беа распоредени од мојата десна страна (освен Ема, која седеше на левата страна од мене, и не можев веќе никако да ја видам како што не можев сега да ги погледнам оние три букви од кои двете крајни извишени и споени со мало и, она НиЕ на средината од пластичната папка на досието што стоеше на десната страна од мене, на масата пред мојот адвокат Стојко Руменов кој лактите ги имаше ставено токму на папката, со лесно спуштени образи во дланките, чекајќи го отворањето на судскиот процес) и сакав во тие мигови, кога сè се одвиваше надвор од мене, да се обидам, со благ засек на сечилото откосо, онака како што јас можев да го направам тоа, да ги расфрлам сите деланки под кои се крие вистината за овие луѓе за да допрам барем дел суштината на која, отплеткувајќи го клопчето, ќе цели судијката, жена од педесетина години со несредена, со бела, како снег бојадисана коса, и со силно нашминкани усни, но истовремено во мене се раѓаше отпор кон таквата намера која требаше да ме врати на почетокот, а јас се плашев и бев преслаб сето тоа повторно да го изживеам на начин како што го живеев дотогаш и затоа ставив црта, и си реков: „Ова е крај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега се отвора нова страница во мојот живот како прва страница на роман што можеби некогаш ќе го напишам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само чувствувам како да бегаат од мене, од тоа што ќе им го речам или како ќе ги погледнам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се плашев дека не ќе можам никогаш повторно да ги погледнам...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За миг, и не сакајќи ги погледна: не дишеа и личеа на мртовци - голи, жолти, со отворени усти.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги погледна без трепкање и ги виде чудни, двоглави и трепетливи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сакам сите да се дотерате најубо шо можите, никогаш не се знај“ рече и значајно ги погледна сите на масата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Отсутно ги погледнав, размислувајќи за содржината на телеграмата што требаше да ја составам, а за која ги немав неопходните податоци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Децата играа во градината, му помагаа на стариот Раиз во борбата со дивите тревки и кревањето на големите суви палмини гранки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ти ги погледнав нозете, беа многу отечени, па ти ги подигнав малку врз една перница.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во својот џеб би можеле да ставиме цели универзуми или да си ги ставиме зад уво, по потреба да ги извадиме и повторно да ги погледнеме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Знам оти беше едно време во Солун, та секако научи баре толку, а повеќе не ти ни требе за сега Бино ги погледна жолтиците со лаком поглед, a Димо сети како да успеа и го покани да влезат во анот на дедот Налета, којшто беше касиер на грчката организација за Мариово, бидејќи и тој беше мариовец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста им осука кора, им испржи и колбаси, ги наруча сите три деца, и кога тие јадеа слатко на тарунчето на чардакот, таа ги погледна и се заврте на другата страна да не ѝ ги видат солзите што ѝ навреа на очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги држи двете дечиња за рачињата, се срамува да ги погледне, очите само право за да не се чакнат со тие четири искрички тука покрај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога ќе ги погледне човек овие нејзиниве колешки, му се слошува колку глуматаат, преглумуваат, се трудат да остават впечаток...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Па што да правиме сега? - праша Коте. Сега Проедросот, со рацете на масата, ги погледна братучедите и сакаше малку да земе здив пред да ги праша што ќе ги праша, но толку тогаш крцна трказот на вратата, влезе жена со послужавник в раце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Откако само еден момент ги погледна држејќи се со рацете по колковите како да се исправа од работата, му ја подаде раката на Котета, воедно велејќи за поздравувањата и со братучедите што беа еднакво одмерено и здржано срдечни: - Ај добредојдовте... .
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги погледна двајцата уште еднаш и рече: - Деца, - рече, - штом како човек ме прашувате, како на луѓе ќе ви кажам:преку планина ни пиле не може да прелета.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Србин и Шишман на разделба жално ги погледнаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучедите се свртеа кон војниците, ги погледнаа и сфатија дека ќе мораат да продолжат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш пак ги стави рацете на масата, ги погледна братучедите: - Демек, од Брезница сте? - праша. - Од Брезница, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога се повлекоа кучињата во дворот тетка Фора ги погледна војниците и не можеше да верува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мајка им ги погледна зачудено.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Стигнав до крајот на ходникот и се свртев, држејќи ја дрвената под мишка. Ги погледнав разјарените луѓе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш Трајанка ги погледна двајцата и нешто смисли.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лекарот ги погледна разлутените луѓе и им рече: - Смирете се... Полека...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ги свртев, ги ставив една покрај друга и се повлеков наназад и самиот да ги погледнам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дури и сега, ако го вклучите радиото или ако ги погледнете новините, дневните настани се неверојатни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Бистра чекаше Мони да рече нешто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се свртев да ги погледнам клацкалките, да видам и нив да не ги смениле и навистина, сите беа сменети освен најмалата на која и така можеше сѐ уште да се седне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ане ги погледна, во еден миг престана да липа, а потоа го тргна погледот и продолжи со истиот занес како и претходно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си ги погледнав моите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се гледаше колку е голема разликата помеѓу старите и новите седишта: старите беа испукани, сивокафеави, со изедени рабови и со ’рѓосани шрафови, додека шрафовите на новите даски светеа, седиштата како да беа приспособени за седење, имаше дупки на местата каде што треба да висат нозете за кога ќе ти направи некој "плескавица" даската да не ти се забоде во бутовите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Да? - прашално ги погледнав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ќе почнеше така да се клешти стануваше уште погрозен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Значи, тој ѝ се приближува полека, како на срна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одма ќе се вратам, само да купам и да ѝ го однесам на мајка ми, - ги погледнав молежливо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пред влезот на зградата три девојчиња играа ластик; не ги погледна туку само го слушна рипкањето и се упати вдесно, за да го скуси патот кон продавницата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Учителот ги погледна, прво Јолета па Ѕвезда и им вели, ама главно на Ѕвезда: - Ти не се смееш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во она време таа слика беше напредна, но ако ги погледнете овие подоцнежни, ќе видите дека импресионизмот веќе беше работа на минатото.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Си влегов веднаш во мојата соба, кога таму – што да видам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можев в очи да ги погледнам моите, толку многу ми беше срам поради лагата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)