ги (зам.) - погоди (гл.)

Не се знаеше дали е од турците или нивната бомба која се одби од едно стебло за да ги погоди.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го видов како падна врз најскриената соба, позади амбарите полни со жито, па ги погоди трепките, желни за уште сон, на прабаба ми, на најизмачената старица...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите јункери влегоа во големата сала.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Оваа одлука ги засегна и ги погоди како гром.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И така, откако ги погодив сите раскопани сегменти на асфалтот (бидејќи, знаете во Скопје не се градеше волку ни после земјотресот, и нееее, не ми беше намерата со ова да го пофалам сегашниот градоначалник), по синдромот на Кнез Мишкин, кога пазите нешто да не нацапате, неизбежно го нацапувате, или да ја преформулирам реченицава за да звучи пооптимистички: ... и така, испречувајќи им се на патот на неколку веќепостоечки вирчиња со вода или можеби беше масло од автомобили, не знам, кои одамна си беа заземале место на паркингот пред канцеларијата, конечно, стигнав на работа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Овој град некогаш полн со здравје, сега неухранет, вошлосан, отворен кон болестите на душата и телото, на работ од епидемијата на тифус, на уплав, на треперење пред неизвесните времиња, под ударот на болести и несреќи што најнапред, како по правило, прво ги погодуваат сиромашните, брзо фаќаат корен и се шират меѓу најмногубројните.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Што ли ќе се случува со втората, третата...?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
— Убаво потковуваш нас, коџабаши, убаво; да дадиме нашите глави за вашите, а? — пробрбори Сефедин колку да не разбере Трајко дека ги погоди на мислата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па сега, ако е за моата глава, еве а, стопанкаи. Кај со неа и без неа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навиката на дрога и нарко-бизнисот посебно ги погодуваат сиромашните и гетоизирани слоеви.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сѐ беше логично во експликацијата на судскиот вештак и во рекапитулацијата на полицискиот иследник, освен што главата на доктор Миха како татко беше празна тиква, во која уште семките на прашањата сѐ посуво што го надјачуваа: зошто токму син му, зошто токму нему, прво на синот пред потоа и на таткото да им се случи тоа, зошто токму нив да ги погоди грмежот од небото кое и така грми па може да удри и во грмушка?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Три години пред што се случи ова со Крстета, сираците Младенови и Спасиини ги погоди и друга несреќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Следното можно читање ми дојде на ум кога се сетив што рече нашата секретарка кога првпат виде една тераписка средба од зад огледалото: „Глупости, тие ништо друго не прават освен што зборуваат!“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Национализмот навистина не се сметаше за американски проблем сѐдодека тој, како крекот и рап музиката, не ги погоди белите предградија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како мудар остроумен набљудувач, таа ги погоди вистинските зборови на вистинско место.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И камењата и калдрмата и портите и чардаците на куќите ги знаеше наизуст Сане Сандин и со затворени очи можеше да ги погоди, на полноќ да ги најде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Второ, фирмата што избира стратегија за нејзиниот нов производ мора да се обиде да ги погоди можните стратегии на останатите фирми знаејќи дека мали промени во сопствената стратегија би можеле да ја нарушат насоката на другите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Злото ги погодува токму нив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Истиот ден кога Бути се исели од сопчето на госпоѓата Нини, како гром од ведро небо луѓето ги погоди веста дека госпоѓата од третиот кат на соседната зграда, госпоѓата Маши, ги напуштила мажот и трите деца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одново запаленото светло над тажната трпеза тогаш повторно го осветли празното сопче отспротива, но некако сенишно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така, неодамна, во некоја емисија, обични луѓе, натпреварувачи, плачат над супермаркет количката натоварена со дебели мисирчиња, џиновски кутии детергент, плачат како да ги погодила некаква невидлива природна катастрофа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
14 март Се подготвувам за Америка, само јас знам како, јас и Господ, потребна сум им на децата и на крај на светот ќе одам за нив, многу ги погоди твоето заминување.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Чана не ѝ обрнува внимание, ги пречекува другите и ги реди лево и десно од нив: лево бабата Петра со внучињата, десно Добра со Ленче и мажот, а Влаинката Роса не ги погодила басамаците, во темницата фатила полево и се нашла во некои долни простории.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во една таква шамата не ги ни чуја шлапкањата надвор по вировите, ама кога во влезот се растропаа котлиња кога некој не ги погоди басамаците и бапна во темницата, многу глави се свртеа кон влезот во просторијата на кој немаа ставено препрека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Братот лекар умееше да ги погоди Мајкините желби. Ѝ носеше лекови, витамини, кои таа продолжуваше еден дел да ги употребува, а другите да им ги дава и натаму на сиромашните и болни соседи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На пример, кај галеристите и антикварите неверојатен бес предизвикува фактот дека некој фалсификатор успеал да го протури својот фалсификат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кризите ги погодуваат екстремно страсните и сензуелни врски, а во несексуалните односи тоа се доживува како мамење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Малечката како да му ги погодува мислите и сега, божем за подобро да гледа низ шофершајбната, скоро го допира со лицето од левата страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Пе... пе... – одново го храбри мајка му, а тој зинал во неа за да ѝ ги погоди мислите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ете така ја потфатив, ѝ фрлив трње в гаќи, само за да се соземе, а потоа уште еднаш и повторив дека чевлите многу ми се допаѓаат. Ептен ги погодила!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мојот плач беше крик на ужасна болка, што ги погоди и небото и земјата и ја уби како со гром мојата душа, сјајот во моите очи се претвори во црни бисери, натежнати над крвавата месечина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тишината на ноќта се слушаше само мојот глас како ранет ангел и исплакав две кобни солзи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пубертетлијата како да ги погоди моите мисли, ги сврте двапати околу раката синџирот и истапи чекор-два пред другите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- И Бреза е казнета, - ми ги погоди тато мислите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)