ги (зам.) - подвитка (гл.)

Мораа само малку да ги подвиткаат телата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Мустаќите нагоре ги подвитка. И тргна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вратот со бензин го избриша. Рацете во вода ги изми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Па стана, ги подвитка ногавиците до над колена, ги метна патиките во ретката трева меѓу камењата, и одејќи кон водата ги заврати ракавите до над лактовите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Непознатиот со татарски или монголски или черкески очи, ноздри, усни, гологлав и испотен, застанал и ги подвиткал топчестите раменици, го испуштил анџарот од левата рака и подавајќи ги двата прста на десната, показалецот и палецот, ги преплашил најблиските како да е невидено животно со црни или отровни рогови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А вие каде? Пенчо рамнодушно ги подвитка краиштата на белите усни: - Вака, по чтици. На Водно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)