ги (зам.) - подготви (гл.)

Транспортот треба да се обезбеди без неприлики.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Толку”, тивко ѝ одговара.  Го тераат да ги подготвува луѓето за патот што им претстои.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во него најчесто се зборува за сиромашните оброци што овој чудак си ги подготвувал, за деновите на пост, за грижата за интимната хигиена, за ретките средби со пријателите; еден од нив дури успеал и да го претепа Понторма, кој бил првиот значаен отпадник од хармоничниот свет на ренесансата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секоја вечер се соблекувал, скокал во езерото и пливал пред очите на љубената истовремено гушкајќи ги двата лебеда, коишто ги подготвил специјално за таа прилика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби прашањето ќе стане појасно во подоцнежните процеси што ги подготвува Вонредниот суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иване, зошто Луков сите свои акции ги подготвува во мојов дом?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дека во понуда од петмина мажи кои професионално снимаат свадби секогаш ја избираат младата жена да им ја заврши работата, не затоа што ѝ веруваат повеќе на способностите туку затоа што таа ги прима дома кај себе, вари добро кафе, ги подготвува за сите изненадувања што ги чекаат на свадбата и ги подучува како отприлика тече целата „дешавка“ на тој ден, заедно со сите обичаи, што, сакале или не, ќе мораат да ги одживеат и преживеат дента.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таквите јаничарски елити секоја империја ги подготвува со посебни, радикални методи: но суштинското обележје ќе биде како да ги ослободат идните ешалони на смртта од корените на нивниот прв, мајчин идентитет, од јазикот, верувањето, од рајот на детството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таквите јаничарски елити секоја империја ги подготвува со посебни, радикални методи: но суштинското обележје ќе биде како да ги ослободат идните ешалони на смртта, од корените на нивниот прв, мајчин идентитет, од јазикот, верувањето, од рајот на детството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше доволно време да прелиста уште некоја книга, ги подготви белешките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чита овде жестока критика и на денешната глобализација, како и империјализмот на јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јаничарите израснати во и крај царската палата султанот ќе го сметаат и за нивен симболичен татко, кој ги храни и воспитува, ги подготвува да војуваат за него и царството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Султановите војници како прво и главно одличје ја имаа лажицата, а и воените единици биле организирани како вид кујни, вишите офицери, биле именувани за чорбаџии, а секој одред располагал со свој казан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше горд и ми ги даде како подарок за мене. Ги подготвив и јадевме со сласт.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кујната беше отворена кон ресторанот и цело време ги гледавме вработените како ги подготвуваат специјалитетите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Уште повеќе, кога почнаа да ги подготвуваат работите, за да останат таму подолго време.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ги изгледа крвнички сите и кусо им соопшти за каде ги подготвува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега градот, што ги измери, вкуси и намириса, што ги искористи сите свои моќи освен една, ги подготви за да ја употреби и својата последна способност, моќта на говорот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од зградата излегуваше Викторија со „младите комити“ и со девојчињата од ритмичката секција, па сите ѝ честитаа, велејќи дека ги подготвила - супер! - како да се од детскиот центар „Карпош.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Црпнав со лажичето и во тој момент помислив дека можеби е тоа од оние јадења што само вештерките умеат да ги подготват и со нив ги претвораат децата во камења, ама веднаш се сетив дека вештерки во вистинскиот живот не постојат и ми падна жал за старичката на која рацете ѝ се тресеа од старост.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така некое време останавме таму, додека нашите веќе беа пристигнати во Прилеп, почнаа да се слушаат нивните истрели кои доаѓаа дури до нас.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во тоа време стигна наредба да ги подготвиме бајонетите на пушките.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Остана уште обврската внучињата на баба Петра и дедо Костадин да ги подготви за враќање кај нивните родители, дури не смее ни да чека ако веќе еднаш овде се појавиле од црвениот крст, туку да се загне самата и да ги пронајде кривулестите патчиња што побргу ќе ги однесат во родителската прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Баба Петра, кутрата, ги подготвила како што треба, се огласува Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Суџуците таа самата со голем мерак ги подготви за инает на новиот Музафер-ага, ги измеша со јунешко месо и со разни мирудии, и откога ги исуши им даваше на децата да грицкаат сув суџук, за да не ги издаде миризбата при пржењето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не ѝ е тешко да ги подготвува и најкомплицираните јадења и да ги исполнува сите наши желби.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми е кроток и секогаш подготвен за играње карти со нас, децата, нешто што не може да се замисли во Скопје.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)