ги (зам.) - покори (гл.)

Дадено на устабашијата Сефедин 7 сефер 973 год. во Прилеп.   Како што се гледа од писмово, кадијата не смееше да му ја изнесе на султанот вистината, дека не може да ги покори бунтовниците, ами го излага дека избегале водачите и од планина ги бунат христијаните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Му даде најшироки овластувања за горење, убивање, ограбување и строга заповед да не се враќа жив додека не ги покори Мариовците и не му ги доведе водачите на бунтот, Димитрија, поп Јакова и другите, живи или нивните глави.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кажуваше брат му на Фета, страшен милет биле Маџарите... – А токму нив сака нашиот падишах да ги покори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
142. Ханот Аспарух (ок. 644-701) со една своја орда дошол од исток кон утоката на Дунав и откако ги покорил словенските племиња и ги разбил Византијците, ја образувал првата држава на Бугарите на Балканот (681) со седиште во Плиска, којашто подоцна ќе ги проширува границите и врз поголемиот дел од Полуостровот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така ли е работата, со измама? – пламна султановиот слуга и почна да крои планови како да ги покори овие сурови планинци што се осмелија да дигнат рака на царските луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја свршивте ли оваа работа, јас ќе ви дадам од моите чифлизи по еден, а кога ќе ги покориме тие сурови планинци, ќе ве направам нивни бегови до жив животи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А штом некој ќе се обиде да ги покори, тие се дигаат со оружје в раце и спречуваат секакво исполнување на царските закони во тој крај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дури кадијата ги водеше овие операции за да ги покори овие села, Селим, Фазли и Даут ја прегазија Црна над Светецот, бидејќи мостот беше урнат од порано и со малку жртви ги нападија нагоре бунтовниците, кои, гледајќи ја големата сила, побрзаа да ја соопштат катастрофата по тие села и да ги спасуваат жените, децата и старците во честите гори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)